Објавено на: 15 февруари 2019

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2018/2019 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2018/2019

 

   СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  18.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
  •  19 - 20.2.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

 Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот семестар);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена IIрата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2017/2018, во висина од 406,00 денари за еден кредит.

 

 Напомена:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 15.2.2019 година.

  

* НАСТАВАТА ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР, ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 18-ти ФЕВРУАРИ 2019 (ПОНЕДЕЛНИК).

 

Примери за уплати.docx

Објавено на: 28 декември 2018

Семинар по современа танцова импровизација како дел од програмата на катедрата за балетска педагогија - современ танц

Вонр.проф. д-р Искра Шукарова во соработка со Грегор Камникар од Словенија организира семинар по современа танцова импровизација кој ќе се одржи од 27 до 28 декември во МОБ.

Учество ќе земат сите студентите од прва до четврта година. Целта на семинарот е да продожи соработката со Камникар кој веќе конитунуирано соработува со студентите и со кои веќе има реализирано успешен настан во фоајето на МОБ на 31 март 2018 година.

Грегор Камикар е истакнат уметник од Словенија како дел од проектот The game M ја покани вонр. проф. д-р. Искра Шукарова во Љубљана, септември 2016 година каде тие работеа на делото “MC2=Ǝ, movement exhibition” кое беше истражување помеѓу вонр. проф. д-р Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија-Циркулација 2 (http://bit.ly/2DiGvKy).


Објавено на: 27 декември 2018

Пријавување на испитите за зимската испитна сесија (јануари - февруари 2019)

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2019), ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 8-ми ДО 10-ти ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА.

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW. Серискиот број на пријавата кој ќе го добиете од Iknow системот,  потребно е да се запише во горниот десен агол на хартиената пријава.


Објавено на: 29 ноември 2018

Свечено одбележување на 52 години од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Почитувани, 

ве известуваме дека на 5.12.2018 година (среда), со почеток во 20 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи Концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, по повод одбележувањето на 52-рата годишнина од основањето на Факултетот. 

 

Истовремено, ве известуваме дека на денот на основањето на Факултетот - 6.12.2018 година (четврток), во 18 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи и промоција и свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв и втор циклус студии. 


(#1)


Објавено на: 28 септември 2018

Запишување на примените кандидати пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, во I година на Факултетот за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 1-ви октомври, 2018 година.

 Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина

-       6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;

-       12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплaтени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка:

-       цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 Жиро сметките за уплата на сите трошоци за студирање може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

Уплатници_42371_362.docx

Објавено на: 28 септември 2018

Прв академски час и доделување на индексите на новата генерација запишани студенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Почитувани студенти,

ве известуваме дека на 1.10.2018 (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи прв академски час за прием на новата генерација запишани студенти на Факултетот, во учебната 2018/2019 година.

Во рамки на првиот академски час ќе се одржи Свечен концерт и доделување на индексите на идните студенти.

                       

 *Присуството  е задолжително!


Објавено на: 27 септември 2018

КОНКУРС ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ЗА КУПЕН МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА УЧЕБНАТА/АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

Почитувани студенти, 


ве информираме дека на веб страната на  Министерството за образование и наука е објавен Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2018/2019 година. 

Целиот Конкурс и сите поврзани информации може да ги погледнете на следниов линк: 

 


Објавено на: 25 септември 2018

Променет распоред со точна саатница за приемниот испит по солфеж за кандидатите пријавени во третиот уписен рок во учебната 2018/2019 година

Се известуваат сите кандидати пријавени за упис во прва година на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок, дека распоредот за приемните испити е објавен во прилог.

Приемни испити, трет уписен рок!.docx

Објавено на: 25 септември 2018

Листа на изборни наставни предмети за учебната 2018/2019 година

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ ДЕКА ЛИСТАТА НА ИЗБОРНИ НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА И УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ЛИСТА НА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ НАСТАВНИ МОЖЕ ДА СЕ ПОГЛЕДНАТ ВО ПРИЛОГ. 

ЛИСТИТЕ НА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД СИТЕ ЕДИНИЦИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СО ОБЈАВЕНИ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=158&glavno=40  

Изборни предмети 2018-2019.docx Изборни предмети од ФМУ од Универзитетската листа.pdf

Објавено на: 25 септември 2018

Промена на термините за запишување на зимски семестар во учебната 2018/2019 година за студентите од II, III, IV година и студентите кои го завршиле осмиот семестар

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV СТУДИСКА ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ СО ЗАВРШЕН ОСМИ СЕМЕСТАР

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 27.9.2018 - 2.10.2018 ГОДИНА.

Потребни документи за запишување:

-             Индекс со сите оценки од положените испити;

-             Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;

-             Образец ШВ.20 за Завод за статистика;

-             Потврда за уплатена прва рата школарина:

  •     6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота,
  •     12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите.

-             Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

-             Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

-             Уплата за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар од учебната 2017/2018, во висина од 406,00 денари за еден кредит;

-             Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 1-ви ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА!

ЛИСТИТЕ СО ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ СЕ ОБЈАВЕНИ НА ОГЛАСНИТЕ ТАБЛИ НА ФАКУЛТЕТОТ И НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: http://fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/42376/Lista-na-izborni-nastavni-predmeti-za-uchebnata-2018-2019-godina 

 

Напомена: Сите студенти задолжително треба да го запишат зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година и во електронскиот студентски сервис Iknow.

 

Во прилог на ова известување може да ги погледнете жиро сметките за уплата и упатството за електронско запишување на зимскиот семестар во Iknow системот. 

Жиро сметки за уплата.docx Упатство за Iknow.docx