Роден 1965 година во Радовиш, Р.Македонија. Средно музичко училиште (отсек труба) завршува во класата на проф.Симеон Савев. Во текот на школувањето учествува на многубројни меѓународни семинари и натпревари. Добитник е на многу награди на републичко и сојузно ниво во поранешна Југославија. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.С.Савев.
1994/95 Специјализација за репродуктивни уметници на Факултетот за Музичка Уметност во Прага, Р.Чешка во класата по труба кај познатиот педагог, професор Вацлав Јунек и асистентот Владимир Релјек. За време на специјализацијата во Прага со положена аудиција свири прва труба во Симфонискиот оркестар во Румбурк Р.Чешка.
Од 1996 до 1998 година специјализира и магистрира на Државната музичка академија во Софија, Р.Бугарија во класата по труба кај проф д-р Ангел Македонски.
Од Септември 1999 година хонорарен соработник-професор по предметот труба во ДМБУЦ ''Илија Николовски Луј''. Од 2001 година хонорарен соработник-доцент на Факултетот за музичка уметност, по предметот труба.Од Април месец 2006 Вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Р.Македонија.
Претседател на асоцијацијата на Македонски трубачи на Македонија.
Избор и редакција, 1998-2001 е издадена првата книга од ваков вид во Р.Македонија-Оперско Балетска Симфониска Студија за труба.
1986/7 соло настапи со Македонската филхармонија.
1986год. Како студент во втора година со успешно положена аудиција примен е за хонорарен соработник во оркестарот на Операта,а за кратко време со положена аудиција примен е (редовно вработен) како прв трубач-солист во оркестарот на Македонската Опера и Балет.
Активно учество во Музички камп Грожњан-Хрватска 1982 година.
15 април 1985 година учество во младинскиот камп во Загреб.
Во текот на 1985/86/87 предава во нижото музичко училиште во Радовиш.
Во август 1997 година во Серес, Грција активен учесник во првиот Балкански симфониски оркестар-прва труба.
Учествува на семинари како активен учесник во земјата и странство: Скопје, Охрид, Шибеник, Неум, Цавтат, Загреб, Софија, Белград, Дубровник, Прага.
Учесник на семинарот во Дубровник-организатори: Музичката академија од Стокхолм-Шведска и Музичката академија од Сараево од 26-до 31-01-2003.проф Клаес Стромблад-Шведска.
Учесник на семинар-април 2004 година во Белград-организатори: музичка академија од Стокхолм и музичката академија од Белград- проф Марк Срело-Шведска.
Од 1995 активен член на Македонскиот блех квинтет-издадено цеде.
Активен учесник со неговите ученици и студенти на многу натпревари во Р.Македонија и во странство,добиени многу награди,активно учество завземаат неговите студенти во сите оркестри во Р.Македонија.
Учество на сите позначајни музички настани во Р.Македонија.
Од 1990 год. до 1999 год. хонорарен соработник-прва крилница со воениот оркестар на АРМ.
Од 1986 год. до 2000 год. хонорарен соработник со Македонската Филхармонија.
Член на жири комисија Кавадарци меѓународен натпревар по труба 2001.
Член на жири комисија Кавадарци меѓународен натпревар по труба 2002.
Член на жири комисија,претставник од Македонија во декември 2001 година во Софија,Р.Бугарија на меѓународниот натпревар по труба организиран од Чешкиот културно информативен центар и Бугарското министерство за Култура.
Член на мегународно жири од Македонија во октомври 2003 година во Софија,Р.Бугарија, натпревар по труба ''Јарослав Коларж'' организиран од Чешкиот културно информативен центар и Бугарското министерство за Култура.
Член на мегународно жири во Македонија,Охрид 2003-Охридски Бисери - меѓународен натпревар за дувачи.
Претседател на мегународно жири во Македонија, 2005-Охридски Бисери - меѓународен натпревар за дувачи.
Член на државен натпревар за дувачи-Битола 2005
Член на мегјународно жири во Македонија,Охрид 2007-Охридски Бисери - меѓународен натпревар за дувачи.
Член на државен натпревар за дувачи-Скопје 2008
Претседател на мегународно жири во Македонија,Охрид 2009-Охридски Бисери - меѓународен натпревар за дувачи.
Член на жири комисија-меѓународен натпревар за труба-Стара Загора.Р.Бугарија-Ноември.2009
Од 1986 година до ден денес прв трубач-солист на Македонската Опера и Балет. 24 години работи и твори во Македонската Опера и Балет.
Од 01-04-2005 до 01-02-2007е уметнички директор на Македонската Опера.
На 28-01-2009 одржан соло концерт на Факултетот за музичка уметност во Тирана со пиколо труба ин-А и одржан мастер клас со студентите на Факултетот за музичка уметност во Тирана-Албанија.
Снимено е првото солистичко цеде-2009год