Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 17 мај 2023
Соопштение за заверка на летен семестар и пријавување на испитите за летната испитна сесија 2022/2023
С О О П Ш Т Е Н И Е
за заверка на летен семестар и пријавување на испити за летната испитна сесија 2022/2023
Се известуваат студентите од прв циклус студии дека заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летната испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 25.5. – 30.5.2023 година.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- индекс
- образец за заверка на семестар
- пријави за испити, целосно пополнети*
*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.
- пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат во одделението за студентски прашања).
Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 23.5. до 29.5.2023 година и е задолжително за сите студенти.
Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 29.5.2023.
Објавено на: 26 април 2023
ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023, во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 27 април.
(#1)

Објавено на: 07 февруари 2023
Рокови за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023 година, за студентите запишани на прв циклус студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 10.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
- 13.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
- 14.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III ГОДИНА
- 15.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.
Потребни документи:
- Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар);
- Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
- Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
- Потврда за уплатена II рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит.
- Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.
Напомена:
Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.
Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2023 година.
Жиро сметките за уплата може да ги погледнете во прилог на ова соопштение.
Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација.doc
Објавено на: 01 декември 2022
Упатство за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Почитувани студенти,
Во прилог може да го погледнете Упатството за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Со цел номинирање на претставници за членови на ФСС на ФМУ ви ги проследуваме собирите на студентите, кои се вклучени и во Упатството:
- Собирот на студенти од прва година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 10 часот во Големата концертна сала на Факултетот;
- Собирот на студенти од втора година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 10:30 часот во Големата концертна сала на Факултетот;
- Собирот на студенти од трета година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 11 часот во Големата концертна сала на Факултетот;
- Собирот на студенти од четврта година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 11:30 часот во Големата сала на Факултетот;
- Собирот на студенти од втор циклус студии и на студенти од докторски студии ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 12 часот во Големата концертна сала на Факултетот.
Објавено на: 28 ноември 2022
Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание
ФСС.pdfОбјавено на: 11 ноември 2022
Концерти Musica Viva и концертна активност на ФМУ, зимски семестар 2022/23 – Концертна сала
16.11.2022 Концерт на класата по гитара
23.11.2022 Концерт на катедрата по соло пеење и дувачки инструменти
30.11.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти
6.12.2022 Свечен концерт на оркестарот, хорот, камерниот оркестар и другите ансамбли по повод денот на ФМУ, во Македонската Филхармонија
15.12.2022 Концерт на балетскиот оддел при ФМУ на мала сцена во НОБ
19.12.2022 Концерт на отсекот за популарни жанрови и народни инструменти
21.12.2022 Концерт на катедрата за гудачки инструменти
26.12.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти
28.12.2022 Концерт на катедрата по гудачки инструменти
Објавено на: 30 септември 2022
Прв академски час за новата генерација запишани студенти на Факултетот во музичка уметност - Скопје, во учебната 2022/2023 година
Се известуваат студентите запишани за прв пат во прва година на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, дека во понеделник - 3.10.2022, во 12 часот, во Големата концертна сала на Факултетот ќе се одржи прв академски час.
Првиот академски час ќе биде проследен со пригодна концертна програма подготвена од нашите студенти и професори, која може да ја погледнете во прилог, по што ќе следи доделување на индексите на новата генерација запишани студенти.
(#1)

Објавено на: 27 септември 2022
Листа на изборни предмети за прв циклус студии, учебна 2022/2023 година
Листа на изборни предмети за I година (1).pdf Листа на изборни предмети за студенти запишани пред 2022 година.pdfОбјавено на: 23 септември 2022
Соопштение за запишување на примените кандидати од ВТОРИОТ уписен рок, пријавени за упис на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2022/2023 година, ќе се врши на 26-ти септември, 2022 година, со физичко доставување на документите.
Потребни документи:
- индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
- три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- образец за запишување на зимски семестар;
- образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
- Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
Жиро сметките за уплата се прикачени во прилог на ова соопштение.



Објавено на: 21 септември 2022
Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2021 година, претседател на Р. Северна Македонија
Почитувани студенти,
на следниот линк ви споделуваме повеќе информации за признанието „Успешни млади“ за 2021 година.
https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/