Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

Капацитет и опременост

ПРЕДАВАЛНИ

Објектот на ФМУ располага со 10 предавални: 

- Просторија 0/1: голема предавална на приземје, со пијано;

- Просторија 0/2: голема предавална на приземје, со пијано;

- Просторија 0/3: мала предавална на приземје, со пијано;

- Просторија 0/4: мала предавална на приземје, со пијано;

- Просторија 2/11: голема предавална на втор кат со пијанино и графоскоп;

- Кабинет по сонологија: мала предавална на втор кат со аудио-видео опрема;

- Просторија 3/2: мала предавална на трет кат, со пијано;

- Етномузилошки кабинет: мала педавална на трет кат;

- Мала Сала: голема предавална на трет кат, со 2 пијана; 

СТУДИЈА

Факултетот за музичка уметност во Скопје располага со 3 простории со студиска опрема и 1 студио за интернет радио. 

ИНСТРУМЕНТИ 

КОНЦЕРТНА САЛА 

МАЛА САЛА

Мала сала се наоѓа на третиот кат на Факултетот за музичка уметност - Скопје. Салата е опремена со 2 полуконцертни клавири Yamaha. Мала сала се користи како предавална за групна настава, вежбална за камерните состави на ФМУ, за состаноци на Наставно научно-уметничкиот Совет на ФМУ, одбрана на докторски, магистерски и дипломски трудови, како и за концерти.

Салата располага со соодветна сцена, осветлена со рефлектори и аудио студио за снимање на концертите. 

ПРОСТОРИИ ЗА ВЕЖБАЊЕ

Во објектите на ФМУ, за вежбање надвор од наставата, на студентите им се дозволува користење на следните простории:
- на приземје: 0/1, 0/2, 0/3, 0/4, 0/5
- на I кат: 1/6, 1/7
- на II кат: 2/1, 2/2, 2/3, 2/4, 2/5, 2/6, 2/8, 2/9

Користењето на просториите за вежбање се дозволува на следните термини:
- во работни денови до 21.50 часот;
- во сабота од 8.00-19.50 часот;
- во недела од 8.00-19.00 часот, доколку е дежурен чуварот на ФМУ

Kористењето na просториите за вежбање е бесплатно. 

БИБЛИОТЕКА

Библиотеката располага со површина од 153 м2, 12 места во читалната и 1 место во фонотеката. Поседува 6809 наслови на ноти, 2201 наслов на текстуални книги од областа на музиката, 2154 број на примери на звучни снимки и 132 наслови на музички списанија. Посетата од читатели, студенти и професори од Факултетот се движи околу 3000-4000 годишно со право литературата да се користи надвор од библиотеката. Во библиотеката е вработен еден библиотекар. Библиотеката е комјутеризирана со 2 комјутера со комјутерско пребарување и каталогизирање на книгите. Библиотеката поседува и пристап до интернет за студентите и професорите. Поседува модерен музички систем за слушање и преснимување.

Работно време:

Понеделник – петок од 7,45 до 15,45 часот

Konkurs_za_I_ciklus_2014-2015.pdf