Редовен професор
м-р Страшо Темков
Флејта, Оркестарски делници за флејта, Камерна музика за дувачки инструменти
email: straso2002@yahoo.comМ-р Страшо Темков е прв Флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на “Македонскиот дувачки-квинтет“ и на ансамблот за современа музика “Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи со: Макединската филхармонија, камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Француско – Американскиот музички колеџ. Има настапувано на повеке музички фестивали: Охридско лето, Скопско лето, Хераклејски вечери, Нимус (Ниш), Есенски музички свечености, Денови на Македонска музика и др. Покрај солистичките настапи во Македонија својата уметничка дејност ја проширува и со гостувања во: Франција, Бугарија, Србија, Хрватска и Соединетите Американски Држави во престижната сала ,,Карнеџи хол” (Њујорк). Членува во жири комисии на меѓународни натпревари: Петар Коњовиќ – Белград, Даворин Јенко - Белград, фестивалот на флејтата - “Тахир Куленовиќ” - Ваљево (Р.Србија), и “Охридски бисери” (Охрид). Страшо Темков е вон. проф. по флејта на ФМУ во Скопје, а во 2002г. го сними своето прво ЦД.