Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

м-р Марјан Милошевски

Вонреден професор

м-р Марјан Милошевски

Фагот , Оркестарски делници за фагот, Камерна музика

email: marjan267@yahoo.com

Своето музичко образование го започнува уште од најмладата возраст свирејќи хармоника до својата 14 година, подоцна во средното училиште по препорака на проф. П. Трајковски започнува да го изучува фаготот, кој му остана примарен инструмент.

Дружејќи се со фаготот уште во првите години, успесите се нижат, настапи на јавни часови, натпревари , за во 1996 г. Го изведе Матурскиот Рецитал како прв обид во солистичкото свирење. 

Студиите ги продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. П.Трајковски . На факултетот погледот кон фаготот, камерната музика и оркестарот добиваат нова смисла и тежина, доаѓаат бројни настапи со симфонискиот оркестар, камерна музика за во 1999 г. го оствари својот прв целовечерен рецитал во рамките на Музика Вива на ФМУ.

Два пати е избран како еден од најдобрите студенти во инструменталната класа да настапува со македонската филхармонија.

Своите први професионални почетоци ги започнува во камерниот оркестар за модерна музика Света Софија, со кој настапува на Охридско Лето и Денови на Македонска Музика.

Продолжувајќи понатаму станува член на Националната Опера и Балет во Скопје. Во 2000 г. гостува во Операта во Тирана, Албанија. 

По завршувањето на факултетот се запишува на магистарски студии на музичкиот факултетот во Скопје. Карактеристично за рециталите кој беа во склоп на студиите е тоа што делата беа премиерно изведени во Р. Македонија.

На Мајсторската школа во Дубровник 2002 г. се запознава со неколку менаџери од областа на класичната музика, тие забележувајќи ја неговата интерпретација на концертите во Дубровник му доставуваат неколку понуди за соработка меѓу кои и оркестарот за нова музика СОНЕМУС. Со СОНЕМУС има остварено бројни концерти на балканот но и во други европски центри. 

Во 2003 г. настапува со симфонискиот оркестар на ФМУ како солист на Моцартова вечер. Подоцна со СОНЕМУС заминуваат во Швајцарија каде работат во Националниот Театар во Винтертур и имаат повеке значајни концертни турнеи. Истата 2003 г. магистрира на темата: “Интерпретација на фагот“.

Во 2004 г. ја основа музичката работилница АД ЛИБИТУМ која имаше повеќе камерен карактер и во чиј склоп работеа - дрвен дувачки квартет и квартет фаготи.

Во 2005 година изведува рецитал – Сонатна Вечер дуо фагот и пијано со Марија Вршкова . 

Сеуште активно работи во повеќе камерни состави како Артус Акт, Скопскиот Дувачки Квинтет, Камерниот Оркестар на МОБ и други. Моментално е вработен во МОБ како прв фаготист.

Милошевски е фаготист од поновата генерација кој со успех ги изведува делата како од старите мајстори, но ги следи и најновите правци на сериозната музика.