Редовен професор
д-р Ана Гацева
Пијано, Камерна музика , Историја на пијанизмот
email: gaceva@yahoo.comАна Гацева е вонреден професор по пијано на Факултетот за уметности во Скопје. Дипломирала пијано на ФМУ во Скопје како најдобар студент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Магистрирала пијано на истиот Факултет со високата оцена “Cum laude”.
Гацева е првиот Доктор на науки по пијано интерпретација во Македонија. Тезата во 2007 година ја одбранила под менторство на светски познатиот пијанист Сајмон Јанг, професор на Тринити Колеџот од Лондон и Др Димитрије Бужаровски, редовен професор на ФМУ Скопје.
Светски познатата Моцартеум Летна Академија во Салзбург ја завршила во класата на проф. А. Делле Вигне.
Во Париз дипломирала и магистрирала камерна музика на реномираната Академија Екол Нормал Алфред Корто, стекнувајки се со Диплома за високо образование, како и со највисоката европска диплома за постдипломски студии – Диплома за концертист кај проф. Јаса и проф. Дебуши. Паралелно се усовршува кај врвниот педагог и пијанист М. Дешосе. Лауреат е на повеќе државни и меѓународни награди.
Ана Гацева се вбројува меѓу најуспешните солисти во својата земја, реализирајќи притоа повеќе од 80 концерти, од кои 30тина на европската сцена. Редовно настапува со Македонската Филхармонија, со Младинскиот Камерен Оркестар, била солист на Рускиот Академски Камерен Оркестар Музика Вива, на Оркестарот за современа музика “Света Софија” итн.
Настапувала по покана на Меѓународни Фестивали, во светски угледни сали и институции како солист и камерен музичар во Париз, Њујорк, Салзбург, Виена, Дрезден, Киев, Софија, Загреб, Хвар, Белград, Логатец, Пловдив, Порторож и др.
Реализирала голем број снимки за Македонската Телевизија, како и снимки за Радио Скопје, Радио и Телевизија Загреб, Радио и Телевизија Љубљана.
На репертоарот на Гацева се наоѓаат дела на автори од сите музички епохи, активно пропагирајќи ги и делата на современите македонски композитори, во својата земја и надвор од неа.
Гацева е член на Сојузот на музичките уметници на Македонија и член на Управниот Одбор на Македонската Филхармонија, а била член и на Управниот Одбор на Културно Информативниот Центар-Скопје.