Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

м-р Златко Мадевски

Вонреден професор

м-р Златко Мадевски

Хармоника, Камерна музика, Ансамбл за хармоника

email: zlatkomadevski@gmail.com

Во 1996 го завршува основното музичко образование во УОМО “Боро Џони” Струмица, Македонија. 

Во 2000 го завршува средното образование во ДМБУЦ “Илија Ноколовски-Луј” Скопје,Македонија;

Во 2004 завршува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје одсек хармоника, најпрво во класата на проф.Војин Васовиќ (Србија) а по две години продолжува во класата на проф.Зорица Каракутовска;

Во 2007 ги завршува постдипломските студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје одсек хармоника во класата на проф.Војин Васовиќ (Србија).   



Педагошка дејност

Од 2007 година е доцент на Факулетот за Музичка уметност во Скопје каде ја остварува својата креативност,творечка и уметничка дејност со своите студенти на инструментот хармоника и камерна музика. Со педагошка дејност започнува од 2004год. во Основното Музичко Училиште “Панче Пешев” во Куманово. 


Награди

Во текот на студирањето зема учество на повеќе интернационални и државни натпревари од кои:

прва награда - Акордеонна пролет 2003год. на интернациоалниот натпревар во Р.Бугарија;

втора награда-Акордеонна пролет 2002год. во Р.Бугарија;

трета награда на интернационалниот натпревар во Р.Македонија- Охридски бисери 2003год;

специјална награда на државниот натпревар 2000год. како трио хармоники

-учество на интернацијоналниот натпревар во Кастелфидардо-италија 1999г. 


Уметничка дејност

Има одржано повеке солистички концерти низ Р.Македонија како солист и со своите студенти:

Рецитал-Концертна сала ФМУ 2005год;

Рецитал-Концертна сала ФМУ 2006год;

Концерт-Концертна сала музичко училиште “Панче Пешев” -Куманово 2006год;

Рецитал-Центар за култура “Трајко Прокопиев” -Куманово 2007год;

Рецитал-Национална галерија “Даут Пашин Амам” 2007год;

Концерт на студентите на ФМУ класа доц.З.Мадевски-Концертна сала ФМУ 2009год.