Кристина Светиева е родена во Скопје 1985 год. Пијано започнува да учи и да настапува на шест годишна возраст. Дипломира во 2006 год. на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Т. Светиев, а магистрира со „цум лауде“ во 2008 год. под менторство на проф. Жени Захариева.
Во текот на своето школување се истакнува како една од македонските најталентирани млади пијанистки и развива широка концертна дејност. Успешно настапува на подиумите низ Македонија (“Охридско Лето”, “Скопско Лето”, “Денови на Македонска Музика”) и надвор од земјата (Турција, Италија, Бугарија, Шведска, Холандија, Хрватска, Чешка,Србија).
Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија на натпреварите во Италија, Бугарија, Чешка,”Охридски Бисер”, Сан Даниеле, Русалка.
Меѓу бројните нејзини настапи како позначајни се издвојуваат нејзиното деби со Македонската Филхармонија на седумгодишна возраст, а потоа следуваат настапи со истиот оркестар 1996, 1999, 2002, 2004, 2007.
Забележителни се и настапите со оркестарот на Факултетот за Музичка Уметност 2005, како и учеството на повеќе интернационални музички фестивали меѓу кои:
о Интернационалниот музички фестивал во Анкара - Турција (1997);
о Настап со филхармонијата во Разград - Бугарија во рамките на Балканскиот Пијанистички Форум (2000);
о Интернационалниот музички фестивал во Северен Кипар (2000);
о Берген - Холандија (2001);
о “Охридско Лето” во Охрид - Македонија (2002)
о Солистички рецитал во престижната „Сала Бугарија“ во Софија- Бугарија (2009)
- Концерт на Весна Гиновска - Илкова - сопран и Кристина Светиева - уметнички соработник во рамките на фестивалот „Златна Лира“
Исто така има остварено повеќе солистички рецитали во Скопје во салонот 19.19 и во салата на факултетот за музичка уметност (1998, 2000, 2001, 2003, 2004, 2008).
Активен учесник е на бројни пијанистички семинари и мајсторски класи каде соработува со бројни еминентни педагози и пијанисти како што се: Ж. Захариева, Н. Штаркман, В. Крпан, А. Португез, Ф. Фолк, П. Донахју, Џ. О’Конор, М. Ф. Буке, Ф. Турисини, К. Сакаи, А. Лемони, М. Каишиге, Т. Каишиге и сите го одбележуваат нејзиниот исклучителен талент и извонредните изведувачки способности.
Под менторство на проф. Жени Захариева и проф. д-р Д. Бужаровски, К. Светиева ги следи докторските студии на ФМУ во Скопје и специјализацијата на „ Сцуола Цанторум“ во Париз каде веќе се здоби со диплома „Дипломе Супéриеур“.
Од септември 2006 год. се вработува како педагог по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а во мај 2008 година К. Светиева е избрана како асистент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.