Роден е 1973 година и почнува да свири виолина на 7 годишна возраст. Го завршува нижото и средното образование во МБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, во класата на професорите П.Николов и Р. Димитриев. Студиите ги продолжува во Ротердам (Холандија) во класите на професорите И.Груберт и З.Гилелс, каде ја завршува првата година. За време на студиите добитник е на повеќе награди меѓу кои: “Прва Републичка“, “Сојузна награда“ во рамките на поранешна СФРЈ.
Концертира во Холандија, Германија, Данска, Русија, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, на фестивалите Охридско и Скопско лето, како и повеќе настапи со Македонската филхармонија. Кондратенко дипломира на ФМУ со оценката 10 Cum laude во класата на професорот Зоран Димитровски, за потоа да замине на Високата школа во Келн каде завршува постдипломски студии во класата на професорот П.Матцка и највисокиот солистички степен "Konzertexamen" во класата на професорката М.Мартин, а камерна музика работи со "Албан Берг" квартетот и Александар Лонгвич.
Во моментот Кондратенко е вонреден професор на ФМУ на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и ФМУ на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип; солист и гостин концертмајстор на камерниот оркестар "Junge Philharmonie" во Келн со кој само во 2005 година во рамките на летната турнеја низ Германија остварил 39 солистички настапи. Од 2008 година е раководител и концертмајстор на Ф.А.М.Е. филмскиот оркестар при Македонската радио и телевизија.