Редовен професор
м-р Љубиша Кировски
Виолина, Оркестарски делници за виолина, Камерна музика за гудачки инструменти, Методика на наставата по гудачки инструменти
email: kirovski3@gmail.comЉубиша Кировски дипломира и магистрира на ФМУ- Скопје, во класата на професор Зоран Димитровски, со највисоки оцени. Специјализира виолина и камерна музика на Европската Моцарт Академија во Варшава кај професорите Г. Жислин, И. Роман и Г. Такач.
Активен концертен музичар, Љубиша Кировски настапува како солист со Македонската Филхармонија во Скопје и на гостувања во Софија и Сараево, настапува како солист со оркестарот на Санкт Петербуршката капела изведувајќи го концертот од В.А.Моцарт во А-дур. Во 2006 година остварува концертна турнеја како солист со камерниот оркестар на Македонската филхармонија во шест градови во Шведска, каде го изведува Концертот за виолина о оркестар во д-молл од Феликс Менделсон. Од неговите солистички настапи забележителна е и изведбата на шестте сонати од Е. Изаи во една вечер.
Како камерен музичар реализира бројни настапи со квартетот "Гајдов"- низ Македонија, како и во Германија, Турција, Романија, и со триото "МАК" во Лондон. Љубиша Кировски веќе 15 години концертира во дуо со својата соприхга Маја Шутевска-Кировска. Заеднички реализираат концерти на реномирани фестивали во: Полска, Италија, Швајцарија, Бугарија Северен Кипар, Србија, Црна Гора и на сите позначајни фестивали во Македонија со изведба на преку 40 сонати за виолина и пијано .
Дуото Кировски, се усовршува на Летната Академија во Лозана, на мастер- клас наменет на уметноста на интерпретација на сонати за виолина и пијано кај професорите П. Амојал и П. Гилилов. За нивните заеднички настапи, Дуото Кировски во 1998 е добитник на Специјалната награда на Ц.Е.И. на натпреварот за камерна музика Трио ди Триесте-во Трст Италија, а во 2003 година им е доделена наградата "Златна Лира" која ја доделува СМУМ за врвни уметнички достигнувања.
Во 1999 година Кировски го снима првот ЦД во живо од концертот на фестивалот Охридско лето, во 2005 го издава вториот компакт диск исто така снимен во во живо од фестивалот Есенски Музички Свечености Скопје, а во 2009 е идадено тројно ЦД со три концерти во живо.
Љубиша Кировски делувал како концерт-мајстор на оркестрите на Македонската Филхармонија и Македонската опера и балет. Работи како вонреден професор на ФМУ- во Скопје и водач на гудачкиот квартет Гајдов.