Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of music - Skopje

м-р Дарко Багески

Редовен професор

м-р Дарко Багески

Гитара, Камерна музика, Ансамбл

email: dbageski@yahoo.com

Дарко Багески (1981, Скопје) на својата осумгодишна возраст започнува да ги открива тајните на свирењето на класичната гитара. Своето музичко образование  (нижо и дел од средното образование) го започнува како ученик во ДМБУЦ " Илија Николовски -Луј" во Скопје во класата за класична гитара кај проф. Јане Пенов.

Музичкото образование го продолжува во Р. Хрватска во Загреб во Средното музичко училиште "Павао Марковац" во класата на проф. Џевдет Сахатџија, каде го полага и завршниот матурски испит.

Студиите ги започнува  на Високата музичка академија "Франц Лист" во Вајмар, Германија, во класата на проф. Кристиане Шпаноф, и дипломира во класата на проф. Јурген Рост.

Се запишува на постдипломски студии на Државниот конзерваториум за музика во Солун, Грција, отсек класична гитара во класата на проф.
Герхард Рајхенбах, со кого работи три години. Во тек се подготовките за  одбрана на заврШниот магистерски испит - концерт, во класата на проф. Костас Коциолис.

Во текот на своето школување учествувал на државни натпревари по класична гитара ( прво и трето место).

Учествувал на многубројни  меѓународни стручни семинари и имал едукативни часови кај еминентни професори и педагози по класична гитара (Зоран Краишник - Србија, Томас Милер - Перинг - Германија, Герхард Рајхенбах-Германија, Костас Коциолис-Грција и Лаура Јанг-Канада. Како пасивен учесник ги следел предавањата на професорите: Карло Маркионе-Италија, Аниело Дезидерио-шпанија и Хуберт  Кепел-Германија. Следел предавања за светска музика кај проф. Томас Фелоу-Германија и предавања по методика за класична гитара кај проф. Моника Рост-Германија.

Во текот на своето досегашно дваесетгодишно образование и едуцирање имал многубројни солистички концерти и настапи, како и настапи со дела и композиции за камерна музика, во Македонија, Хрватска, Германија, Грција ..( Скопско лето,штипско лето, КарпоШово лето, Денови на македонската музика, Културен музички бран, новогодишни и  божиќни концерти, настапи на јубилеи и на културни музички манифестации и собири.

Како студент ја започнува   својата педагошко-едукативна активност, држејќи настава и часови по класична гитара во приватно музичко училиште во Јена-Германија.

Моментално е вработен е како редовен професор по гитара  во ДМБУЦ "Илија Николовски-Луј "во Скопје. Работел како проф. во Средното музичко училиште "Станислав Бинички" во Лесковац-Србија. Моментално е хонорарен професор - доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Неговите ученици-гитаристи се добитници на награди на   меѓународни натпревари.