Објавено на: 14 август 2023

Подготвителна настава за приемни испити за упис на Прв циклус студии

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ

 

Се известуваат сите заинтересирани кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дека Факултетот организира индивидуална и групна подготвителна настава по инструмент, основи на хармонијата и солфеж, како подготовка за приемните испити.

         Подготвителната настава ќе се реализира во периодот од 21.8. до 25.8.2023 година.

          Пријавувањето на заинтересираните кандидати за подготвителна индивидуална или групна настава, ќе се врши во периодот од 14.8. до 18.8.2023, во одделението за студентски прашања на Факултетот или на следнава меил адреса studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

 

          Износот за подготвителна настава (час), во времетраење од 60 минути, изнесува 1000 денари.


Објавено на: 11 јули 2023

Пријавување на испити за есенската испитна сесија 2022/2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

за пријавување на испити за есенската испитна сесија 2022/2023

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии дека пријавувањето на испитите за есенската испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 23.8. – 25.8.2023 година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- индекс

- пријави за испити, целосно пополнети*

*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.

 

Студентите кои нема да ги достават пријавите за испити во одделението за студентски прашања во предвидениот рок, пријавувањето ќе може да го направат со уплата на казна, во висина од 400 денари по испит.

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 21.8. до 24.8.2023 година и е задолжително за сите студенти.

 

Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 24.8.2023.

 


Објавено на: 10 јули 2023

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2023202ГОДИНА

 

 Пријавување на кандидати во прв уписен рок30.8. и 31.8.2023 година

Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 1.9. до 6.9.2023 година

         *распоредот за приемните испити е во прилог

Објавување прелиминарна ранг-листа - 6.9.2023 година

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 11.9.2023

Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 12.9. и 13.9.2023

 

Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените (оригинал)
  • доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa: aдминистративна такса во износ од 50,00 денари и уплата од 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

  

Електронското пријавување ќе биде активно во месец август.

 

Во прилог на ова известување може да погледнете:

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година

- Испитни барања и програми за приемни испити 

- Распоред на приемни испити во првиот уписен рок

- Упатство за електронско пријавување

- Известување за организирање на подготвителна настава

- Жиро сметка за уплата за приемни испити

- Жиро сметка за уплата на административна такса

- Одлука за доделување стипендии на првите 10 кандидати на конечната ранг листа на примени кандидати

 

Konkurs_I_ciklus_ 2023-24.pdf Барања и програми за приемните испити ФМУ-Скопје 2022.pdf Упатство за електронско пријавување.docx Известување за подготвителна настава.docx Жиро сметка за уплата на приемни испити.doc Жиро сметка за уплата на административна такса.docx stipendii 2023-24.pdf Приемни испити.docx

Објавено на: 17 мај 2023

Соопштение за заверка на летен семестар и пријавување на испитите за летната испитна сесија 2022/2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверка на летен семестар и пријавување на испити за летната испитна сесија 2022/2023

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии дека заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летната испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 25.5. – 30.5.2023 година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- индекс

- образец за заверка на семестар

- пријави за испити, целосно пополнети*

*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.

- пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат во одделението за студентски прашања).

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 23.5. до 29.5.2023 година и е задолжително за сите студенти.

Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 29.5.2023.


Објавено на: 26 април 2023

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Драги матуранти, наши идни студенти!

 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023, во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!

 

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

 

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности

 

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...

 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

 

Се гледаме на 27  април.

ОТВОРЕН ДЕН на УКИМ - YouTube

 

(#1)

 

 


Објавено на: 07 февруари 2023

Рокови за заверување на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023 година, за студентите запишани на прв циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2022/2023

 

   СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  10.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
  •  13.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
  • 14.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III ГОДИНА
  • 15.2.2023 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.

 

Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар);
  • Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена II рата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит.
  • Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.

 

Напомена:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2023 година.

 

 Жиро сметките за уплата може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

 

 

 

 

 

 

 

Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација.doc

Објавено на: 01 декември 2022

Упатство за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Почитувани студенти,

Во прилог може да го погледнете Упатството за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје.  


Со цел номинирање на претставници за членови на ФСС на ФМУ ви ги проследуваме собирите на студентите, кои се вклучени и во Упатството:


-          Собирот на студенти од прва година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 10 часот во Големата концертна сала на Факултетот;

-          Собирот на студенти од втора година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 10:30 часот во Големата концертна сала на Факултетот;

-          Собирот на студенти од трета година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 11 часот во Големата концертна сала на Факултетот;

-          Собирот на студенти од четврта година ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 11:30 часот во Големата сала на Факултетот;

-          Собирот на студенти од втор циклус студии и на студенти од докторски студии ќе се одржи на ден 14 декември 2022 година со почеток во 12 часот во Големата концертна сала на Факултетот.




ФСС.pdf

Објавено на: 28 ноември 2022

Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание
ФСС.pdf

Објавено на: 11 ноември 2022

Концерти Musica Viva и концертна активност на ФМУ, зимски семестар 2022/23 – Концертна сала

16.11.2022 Концерт на класата по гитара

23.11.2022 Концерт  на катедрата по соло пеење и дувачки инструменти

 30.11.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти

6.12.2022 Свечен концерт на оркестарот, хорот, камерниот оркестар и другите ансамбли по повод денот на ФМУ, во Македонската Филхармонија

 15.12.2022 Концерт на балетскиот оддел при ФМУ на мала сцена во НОБ

19.12.2022 Концерт на отсекот за популарни жанрови и народни инструменти

 21.12.2022 Концерт на катедрата за гудачки инструменти

26.12.2022 Концерт на катедрата по клавишни инструменти

 28.12.2022 Концерт на катедрата по гудачки инструменти


Објавено на: 30 септември 2022

Прв академски час за новата генерација запишани студенти на Факултетот во музичка уметност - Скопје, во учебната 2022/2023 година

Се известуваат студентите запишани за прв пат во прва година на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, дека во понеделник - 3.10.2022, во 12 часот, во Големата концертна сала на Факултетот ќе се одржи прв академски час.

Првиот академски час ќе биде проследен со пригодна концертна програма подготвена од нашите студенти и професори, која може да ја погледнете во прилог,  по што ќе следи доделување на индексите на новата генерација запишани студенти.

(#1)