Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 22 септември 2021
ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Оглас за еднородителски-converted.pdfОбјавено на: 17 септември 2021
Запишување на зимски семестар од учебната 2021/2022 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
за студентите од II, III и IV година
Запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи.
Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки:
- секој студент да дојде во наведениот термин, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
- студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 или 0/2 да го пополнат индексот со предметите кои ги запишуваат во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година;
- откако целосно ќе се пополни индексот, заедно со останатата документација, ќе се остави во кутијата која ќе се наоѓа во холот на факултетот.
Доставување на документи за упис за студенти од II година
Датум за доставување на документи |
Час (од – до) |
Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) |
21.9.2021 (вторник) |
10 – 11 часот |
4303 – 4313 |
21.9.2021 |
11 – 12 часот |
4313 – 4324 |
21.9.2021 |
12 – 13 часот |
4325 – 4335 |
21.9.2021 |
13 – 14 часот |
4336 – 4346 |
21.9.2021 |
14 – 15 часот |
4347 – 4356 |
Доставување на документи за упис за студенти од III година
Датум за доставување на документи |
Час (од – до) |
Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) |
22.9.2021 |
10 – 11 часот |
4247 – 4257 |
22.9.2021 |
11 – 12 часот |
4258 – 4268 |
22.9.2021 |
12 – 13 часот |
4269 – 4279 |
22.9.2021 |
13 – 14 часот |
4280 – 4291 |
22.9.2021 |
14 – 15 часот |
4292 – 4302 |
Доставување на документи за упис за студенти од IV година
Датум за доставување на документи |
Час (од – до) |
Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до |
23.9.2021 |
10 – 11 часот |
4160 – 4175 |
23.9.2021 |
11 – 12 часот |
4176 – 4192 |
23.9.2021 |
12 – 13 часот |
4193 – 4210 |
23.9.2021 |
13 – 14 часот |
4211 – 4228 |
23.9.2021 |
14 – 15 часот |
4229 - 4246 |
Доставување на документи за упис на студенти запишани во учебната 2017/2018 година
Датум за доставување на документи |
Час (од – до) |
Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до |
24.9.2021 |
10 – 11 часот |
4060 – 4077 |
24.9.2021 |
11 – 12 часот |
4078 – 4095 |
24.9.2021 |
12 – 13 часот |
4096 – 4114 |
24.9.2021 |
13 – 14 часот |
4115 – 4133 |
24.9.2021 |
14 – 15 часот |
4134 – 4159 |
Доставување на документи за упис за студенти запишани пред 2017 година - 21.9.2021 (вторник), од 9 – 15 часот.
Потребни документи:
- Индекс со запишани предмети за зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година;
- Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар);
- Образец ШВ.20 за Завод за статистика;
- Потврда за уплата на прва рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
- Уплати за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, во висина од 410 денари за 1 ЕКТС кредит;
- Уплата за библиотечен фонд, во висина од 300 денари;
- Уплата од 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ (оваа уплата е на жиро сметка на Универзитетот која е посебно прикачена во прилог).
За запишување на зимскиот семестар во Iknow системот, потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише.
Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2021 година.
Листата со изборни предмети кои ќе бидат активни во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година е објавена во прилог.
За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте нѐ на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Жиро сметките за уплата на сите трошоци се прикачени во прилог.
Изборни предмети ФМУ 2021.pdf ИКСА на УКИМ.jpg Уплатници ФМУ.docx
Објавено на: 14 септември 2021
Отворен вакцинален пункт за студентите и вработените на УКИМ
Од 9 септември 2021 година започна со работа Вакциналниот пункт за студентите и вработените на УКИМ, кој е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето, до главниот влез на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9В.
Истиот е отворен секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.
На располагање се вакцините Sinovac и Pfizer.
Објавено на: 13 септември 2021
Рокови и упатства за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии (додипломски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, во учебната 2021/2022 година
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,
ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
- Пријавување на кандидати во вториот уписен рок - 14 и 15.9.2021 година
- Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 17.9.2021 до 23.9.2021 година
*Распоредот за приемните испити дополнително ќе биде објавен на веб страната на факултетот
- Објавување прелиминарна ранг-листа - 23.9.2021 година
- Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) - 24.9.2021 година
- Запишување на примените кандидати и доставување на документацијата - 27.9.2021 година
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава(испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови (и двете страници)
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и
- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)
Важна напомена: За приемните испити по инструмент, вклучително пијано за МТП, композиција и диригирање, кандидатите треба да го снимат материјалот за испит, да креираат сопствен YouTube канал на кој ќе ги прикачат снимените материјалии да направат word документ со список со линкови од видео снимките кој ќе го испратат заедно со комплетната скенирана документација на e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk (целосното упатство е дадено во прилог), најдоцна до 15.9.2021, до 15 часот.
Во прилог на ова соопштение може да погледнете:
- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година;
- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);
- Упатство за електронско полагање на приемните испити по инструмент и соло пеење, преку аудио-видео записи;
- Жиро сметка за уплата на приемни испити;
- Број на слободни места за втор уписен рок.
Број на слободни места за втор уписен рок.pdf Жиро сметка ФМУ.docx Упатство за приемен испит инструменти (1).pdf Испитни барања и програми за приемни испити на ФМУ - Скопје.pdf Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdfОбјавено на: 08 септември 2021
Честит јубилеј – 30 години независност на РС Македонија
Факултетот за музичка уметност – Скопје на вработените и студентите им го честита значајниот јубилеј – 30 години независност на РС Македонија. Нашата институција во овие децении, но и во целиот период на своето постоење, континуирано придонесува за напредокот на музичката култура и образование во државава со што сите ние со право се гордееме. Ви пожелуваме добро здравје и натамошна успешна работа со која се зацврстуваат и промовираат трајните вредности на музичката уметност, наука и образование.
Објавено на: 09 август 2021
Пријавување на испити во есенската испитна сесија, 2020/2021 година
Пријавување испити, есенска сесија 2021.-converted.pdfОбјавено на: 09 август 2021
Пријавување на испити за есенската испитна сесија - 2020/2021 година
Пријавување испити, есенска сесија 2021.-converted.pdfОбјавено на: 14 јуни 2021
Конкурс за доделување стипендии за подршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека е отворен Конкурс на Фондацијата Леорон за доделување стипендии за подршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории.
Конкурсот е отворен до 30.6.2021 година, а повеќе информации може да погледнете во прилог.
Formular za aplikacija - ALB.pdf LEORON Foundation - Application Details - ALB-New.pdf LEORON Foundation - Poster - A4-ALB.pdf Формулар за апликација - МК.pdf LEORON Foundation - Application Details - MK-New.pdf LEORON Foundation - Poster - A4.pdfОбјавено на: 09 јуни 2021
Рокови и упатства за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии(додипломски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во првиот уписен рок, во учебната 2021/2022 година
РОКОВИ И УПАТСТВА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК,
ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 26-ти и 27-ми АВГУСТ 2021 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 30-ти АВГУСТ ДО 6-ти СЕПТЕМВРИ 2021 (РАСПОРЕДОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИ ИСПИТИ Е ОБЈАВЕН ВО ПРИЛОГ)
- РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 9-ти СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 10-ти и 13-ти СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријава за запишување (Образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00)
- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)
Важна напомена: За приемните испити по инструмент, вклучително пијано за МТП, композиција и диригирање, кандидатите треба да го снимат материјалот за испит, да креираат сопствен YouTube канал на кој ќе ги прикачат снимените материјали и да направат word документ со список со линкови од видео снимките кој ќе го испратат заедно со комплетната скенирана документација на e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk (целосното упатство е дадено во прилог).
Кандидатите ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Роковите за физичко доставување на наведените документи за пријавување, дополнително ќе бидат објавени.
Во прилог на ова соопштение може да погледнете:
- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година;
- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);
- Упатство за електронско полагање на приемните испити по инструмент и соло пеење, преку аудио-видео записи;
- Распоред за полагање на приемните испити;
- Жиро сметка за уплата на приемни испити.
Жиро сметка за уплата.jpg Распоред приемни испити 1 рок 2021.pdf Упатство за приемен испит инструменти (1).pdf барања и програми за приемни испити на ФМУ - Скопје_60549_812.pdf Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdf

Објавено на: 08 јуни 2021
Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на концертот со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на 10 јуни (четврток) во 20 часот
Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на традиционалниот концерт со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на кој се претставуваат студентите од државните факултети за музичка уметност. На концертот учествуваат Ана Спасовска (III година оркестарско диригирање, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски (IV година контрабас, класа: м-р Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева (IV година флејта, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (III година пијано, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ (IV година удирачки инструменти, класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).
Концертот ќе се одржи на 10 јуни (четврток) во 20 часот под диригентска палка на проф. м-р Борјан Цанев. На програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.