Објавено на: 23 септември 2022

Соопштение за запишување на примените кандидати од ВТОРИОТ уписен рок, пријавени за упис на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2022/2023 година, ќе се врши на 26-ти септември, 2022 година, со физичко доставување на документите.

Потребни документи:

  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

Жиро сметките за уплата се прикачени во прилог на ова соопштение.

 

 

 


Објавено на: 21 септември 2022

Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2021 година, претседател на Р. Северна Македонија

Почитувани студенти,

на следниот линк ви споделуваме повеќе информации за признанието „Успешни млади“ за 2021 година.

https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/


Објавено на: 09 септември 2022

Соопштение за запишување на зимски семестар од учебната 2022/2023 година за студентите од повисоките студиски години

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-          19.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-          20.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-          21.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА

-          22.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2018 ГОДИНА.

 Потребни документи за запишување:

-                    Индекс (индексот задолжително претходно да се подигне од одделението за студентски прашања и да се пополни со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);

-                    Образец за запишување на семестар;

-                    Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;

-                    Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)

-                    Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;

-                    Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;

-                    Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит;

-                    Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат. Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2022 година. 

 


Објавено на: 09 септември 2022

Соопштение за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, пријавени за упис на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

 Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2022/2023 година, ќе се врши на 12-ти и 13-ти септември, 2022 година, со физичко доставување на документите.

  Потребни документи:

  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"

 

 Жиро сметките за сите уплати се објавени во прилог на ова соопштение. 


Објавено на: 05 август 2022

Пријавување на испити во есенската испитна сесија 2021/2022 година

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии, дека пријавувањето на испитите за есенската испитна сесија 2021/2022, ќе се врши во периодот од 15.8. до 18.8.2022 година.

Во истиот период, потребно е испитите да се пријават електронски во Iknow системот и да се достават пријави за испити во одделението за студентски прашања.

* Студентите кои ги пријавиле испитите во летната сесија, а не излегле на испит, потребно е повторно да ги пријават испитите во оваа сесија и да достават нови пријави за испити.


Објавено на: 28 јуни 2022

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,

ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Пријавување на кандидати

прв уписен рок: 25 и 26.8.2022

втор уписен рок: 14 и 15.9.2022

трет уписен рок:  28.9.2022

 

Проверка на знаења и умеења (приемни испити)

прв уписен рок: 30.8.2022 – 6.9.2022

втор уписен рок: 16.9.2022 – 20.9.2022

 

Објавување прелиминарна ранг-листа

прв уписен рок: 7.9.2022

втор уписен рок: 20.9.2022

 

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)

прв уписен рок: 9.9.2022

втор уписен рок: 23.9.2022

 

Запишување на примените кандидати

прв уписен рок: 12 и 13.9.2022

втор уписен рок: 26.9.2022

трет уписен рок:  30.9.2022

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и

- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41). 

 

Важни напомени:

-Физичкото доставување на наведените документи за пријавување ќе се врши на датумите предвидени за пријавување на кандидати (25 и 26.8.2022 година). Електронското пријавување ќе биде активно од 6.7.2022 година.

-Приемните испити ќе се одржат со физичко присуство во просториите на ФМУ – Скопје според распоредот даден во прилог 

 

 

Во прилог на ова соопштение може да погледнете:

 - Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година;

 - Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);

 - Распоред на приемни испити;

 - Жиро сметка за уплата на приемни испити.

Конкурс 2022-2023.pdf Барања и програми за приемните испити ФМУ-Скопје 2022.pdf Распоред приемни испити 1 рок 2022.pdf Жиро сметка ФМУ.docx

Објавено на: 31 мај 2022

СРЕДБА СО МАТУРАНТИ ОД СРЕДНИТЕ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА НА РС МАКЕДОНИЈА НА 6 ЈУНИ 2022 г. (ПОНЕДЕЛНИК) ВО 12 ЧАСОТ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ZOOM
Факултетот за музичка уметност - Скопје организира средба со матурантите од средните музички училишта на РС Македонија за да им ја претстави својата дејност и да ги запознае со процесот на полагање приемни испити. Средбата е закажана за 6 јуни 2022 г. (понеделник) со почеток во 12 часот преку платформата zoom.

На средбата учесниците треба да се приклучат со своето име и презиме и со вклучена видеокамера.

 
Линк за приклучување:

https://us06web.zoom.us/j/84783319865

Meeting ID: 847 8331 9865

Објавено на: 17 мај 2022

Заверка на летен семестар и пријавување на испит за летната испитна сесија 2021/2022

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат студентите од прв циклус студии дека заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летната испитна сесија 2021/2022, ќе се одвива во периодот од 23.5. – 27.5.2022 година.

Потребни документи:

- образец за заверка на семестар;

- пријави за испити, целосно пополнети*

* Студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои оствариле право на потпис од предметниот професор.

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 21.5.-27.5.2022 и е задолжително за сите студенти.

 


Објавено на: 09 мај 2022

Резултати од аудицијата на НУ Филхармонија на РСМ

Почитувани,

во прилог е доставениот допис од НУ Филхармонија на РСМ во кој можете да погледнете кои студенти ја положиле аудицијата и ќе настапат како солисти на концертот со оркестарот на НУ Филхармонија на РСМ кој ќе се одржи на 9.06.2022 година.

Известување за аудиција ФМУ.pdf