Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 27 февруари 2020
Насоки за ИТНО и ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСТАПУВАЊЕ
Во прилог може да ги погледнете насоките за итно и задолжително постапување согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година.
Сите студенти кои во последниве 2 (две) недели патувале или живеат со некој којшто патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања, Пиемонт во Италија како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван во наредните две недели (започнувајќи од 27.2.2020) се ослободени од настава.
Студентите потребно е да се пријават на e-mail адресата на Одделението за студентски прашања: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Објавено на: 15 февруари 2020
РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ ЗА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ОД УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА
Во прилог може да го видите распоредот на часови за летниот семестар од учебната 2019/2020 година. Распоредот е ажуриран на 8.02.2020 година.
Распоред, летен семестар 2019-A8022020.pdfОбјавено на: 04 февруари 2020
Запишување на летен семестар во академската 2019/2020 година за студентите од прв циклус на студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 17-ти, 18-ти и 19-ти февруари 2020, во Одделението за студентски прашања во периодот од 11.00 - 13.00 часот
Потребни документи за запишување:
- Индекс со сите оценки од положените испити;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар;
- Образец за заверка на семестар;
- Потврда за уплатена рата школарина: 6150,оо денари (100 евра) за студентите запишани во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра) за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети во висина од 406,00 денари за еден кредит;
Жиро сметки за уплата на сите трошоци_54403_131-1.docx
Објавено на: 23 јануари 2020
Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок во учебната 2019/2020 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК,
ВО УЧЕБНАТА 2019/2020
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 8-ми ЈАНУАРИ ДО 2-ри МАРТ 2020 ГОДИНА.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 3-ти до 5-ти МАРТ 2020 ГОДИНА.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти;
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- оригинален документ за завршен завршен прв циклус студии (уверение или диплома);
- куса биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.
Бројот на слободни места за вториот уписен рок, по студиска програма, може да го погледнете во прилог.
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-II-ciklus-II-rok-2019_2020.pdf
Напомена:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.
- Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk
Објавено на: 27 декември 2019
Пријавување на испити
С О О П Ш Т Е Н И Е
за пријавување на испити
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2019/ 2020, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 8.1.2020 - 10.1.2020 (од 11 – 13 часот)
Потребни документи:
- Индекс;
- Уредно и целосно пополнети пријави за испити (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
- Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат од одделението за студентски прашања во деновите на пријавување на испитите).
Студентите што нема да пријават испит во предвидениот рок немаат право на учество во испитната сесија, освен со посебно овластување од студентската служба.
Во казнениот рок (после 10.1.2020) пријавувањето на испитите чини 400 денари по пријава и истите ги приложувате во студентската служба.
НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW.
Во прилог можете да ја погледнете зимската испитна сесија (ажурирана на 10.01.2020).
Зимска испитна сесија 2020 1001.pdfОбјавено на: 04 ноември 2019
Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Факултет за музичка уметност - Скопје
Во прилог е одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Одлука за распишување избори за претседател и членови на ФСС.pdfОбјавено на: 30 септември 2019
Листа на факултетски изборни предмети и листа на универзитетски изборни предмети понудени од Факултетот за музичка уметност - Скопје
Почитувани студенти,
во прилог може да ја погледнете листата на факултетски изборни предмети активни во учебната 2019/2020 година и листата на универзитетски изборни предмети понудени од Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Целосната листа на универзитетски изборни предмети е објавена на веб страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Објавено на: 27 септември 2019
Запишување на примените кандидати од третиот уписен рок во учебната 2019/2020 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2019/2020 година, ќе се врши на 30-ти септември, 2019 година.
Потребни документи:
- Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
- Образец за запишување на зимски семестар;
- Образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Изјава за увид во студентско досие (ќе ја добиете во одделението за студентски прашања);
- Потврда за уплатена прва рата школарина- 6150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота/ 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Жиро сметките за уплата на останатите трошоци може да ги погледнете во прилог на ова соопштение.
Уплатници за упис.docx ИКСА на УКИМ - ФМУ.docx
Објавено на: 27 септември 2019
Прв академски час и доделување на индекси на новозапишаните студенти
С О О П Ш Т Е Н И Е
за студентите за прв пат запишани во I година на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Се известуваат студентите за прв пат запишани во I година на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дека на 1.10.2019 (вторник) со почеток во 9:45 часот, во Концертната сала ќе се одржи прв академски час за прием на новата генерација запишани студенти на Факултетот, во учебната 2019/2020 година.
Во рамки на првиот академски час ќе се одржи свечен концерт и доделување на индексите.
*Присуството е задолжително!
Објавено на: 25 септември 2019
Запишување на зимски семестар во учебната 2019/2020 година за студентите од II - IV студиска година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 30.9. и 1.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 2-ри и 3.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 4.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс со сите оценки од положените испити;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота/12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплата за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар од учебната 2018/2019, во висина од 406,00 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете жиро сметките за уплата на сите уплатници, листата на факултетски изборни предмети и листата на универзитетски изборни предмети понудени од Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Целосната листа на универзитетски изборни предмети е објавена на веб страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Жиро сметки за уплата на сите трошоци.docx IzborniPredmeti201920Fakultetska.pdf 312_Универзитетска листа на слободни изборни предмети за прв циклус-Muzicka-converted (1).pdf