Објавено на: 12 мај 2021

Заверка на летен семестар и пријавување на испитите за летната испитна сесија 2020/2021

(#1) (#2)


Објавено на: 11 мај 2021

Резултати од аудицијата на НУ Филхармонија на РСМ

Почитувани колеги,

во прилог е доставениот допис од НУ Филхармонија на РСМ во кој можете да погледнете кои студенти ја положиле аудицијата и ќе настапат како солисти на концертот со оркестарот на НУ Филхармонија на РСМ кој ќе се одржи на 10.06.2021 година.

Izvestuvanje FMU.pdf

Објавено на: 29 април 2021

Листа на студенти од ФМУ - Скопје за аудиција за концерт на студентите од државните музички факултети со Филхармонија на Република Северна Македонија

Листа на студенти од ФМУ - Скопје кои ја поминаа интерната аудиција на факултетот и кои ќе земат учество на главната аудиција со физичко присуство за концерт на студентите од државните музички факултети со Филхармонија на Република Северна Македонија:

 

Базгалоска Ивона (пијано),

Велкова Памела (виолина),

Гичевска Анастасија (пијано),

Гроздановски Дарко (виолина),

Здравковиќ Зорица (удирачки инструменти),

Јанаќиева Пандорка (флејта),

Кожумановски Кристијан (контрабас),

Кочоска Магдалена (оркестарско диригирање),

Петрески Филип (хармоника),

Рошков Митко (труба),

Селим Анел (кларинет),

Спасовска Ана (оркестарско диригирање),

Ќека Мимоза (пијано).


Објавено на: 23 февруари 2021

Конкурс „Млади музички уметници“ од Агенцијата за млади и спорт

 Почитувани студенти,

 

Агенцијата за млади и спорт по осми пат ги објави конкурсите за „Млади поети“ и „ Млади уметници'', како и за прв пат Конкурс „Млади музички уметници''. 

Оваа година Конкурсите се дел од  Националнта Програма „2021- година во чест на Блаже Конески''.

 

 

Повеќе информации за Конкурсот за млади музички уметници може да најдете на следниов линк: 

http://ams.gov.mk/images/konkurs_za_objava_-_mladi__muzicari-converted_NAJNOV.pdf

 

 

 

 

konkurs_za_objava_-_mladi__muzicari-converted_NAJNOV.pdf

Објавено на: 05 февруари 2021

Информација за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар за студентите од прв циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар од учебната 2020/2021 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи. 

Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и  задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки: 

  • секој студент да дојде во наведените термини, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење; 

  • студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 и 0/2, да ги напишат наставните предмети од зимскиот и од летниот семестар во своите индекси; 

  • откако целосно ќе се пополни индексотзаедно со останатата документацијаќе се остави во кутија која ќе се наоѓа во холот на факултетот

 

Доставување на документи за упис за студенти од година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) 

8.2.2021 (понеделник) 

10 – 11 часот 

4303 – 4313 

8.2.2021 

11 – 12 часот 

4313 – 4324 

8.2.2021 

12 – 13 часот 

4325 – 4335 

8.2.2021 

13 – 14 часот 

4336 – 4346 

8.2.2021 

14 – 15 часот 

4347 – 4356 

 

Доставување на документи за упис за студенти од II година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до) 

9.2.2021 (вторник) 

10 – 11 часот 

4247 – 4257 

9.2.2021 

11 – 12 часот 

4258 – 4268 

9.2.2021 

12 – 13 часот 

4269 – 4279 

9.2.2021 

13 – 14 часот 

4280 – 4291 

9.2.2021 

14 – 15 часот 

4292 – 4302 

 

Доставување на документи за упис за студенти од III година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до 

10.2.2021 (среда) 

10 – 11 часот 

4160 – 4174 

10.2.2021 

11 – 12 часот 

4175 – 4190 

10.2.2021 

12 – 13 часот 

4191 – 4206 

10.2.2021 

13 – 14 часот 

4207 – 4222 

10.2.2021 

14 – 15 часот 

4223 - 4238 

 

Доставување на документи за упис за студенти од III и IV година 

 

Датум за доставување на документи 

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до 

11.2.2021 (четврток) 

10 – 11 часот 

4060 – 4074 

11.2.2021 

11 – 12 часот 

4075 – 4090 

11.2.2021 

12 – 13 часот 

4091 – 4105 

11.2.2021 

13 – 14 часот 

4106 – 4120 

11.2.2021 

14 – 15 часот 

4121 – 4137 

 

Доставување на документи за упис за студенти запишани со број на индекс од 4138 до 4159  и за студенти запишани пред 2017 година -  12.2.2021 (петок), од 9 – 15 часот. 

   

Потребни документи: 

  • Пополнет индекс; 

  • Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети  кои студентот ги следел во изминатиов семестар); 

  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар); 

  • Потврда за уплата на втора рата школарина; 

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства; 

  • Уплати за презапишување на не положени предмети од летниот семестар во учебната 2019/2020 година.

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во Iknow системот.  

За запишување на летниот семестар потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 10.2.2021 (среда). 

 

За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте не на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk 

 

Жиро сметки за уплати.pdf

Објавено на: 03 февруари 2021

Информации за студентите запишани на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност- Скопје

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Се известуваат студентите запишани во вториот уписен рок на втор циклус, во учебната 2020/2021 година, дека заверката на зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

Потребни документи за заверка:

 - образец за заверка на семестар;

 - индекс и

 - уплата за трета рата школарина.

 

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Се известуваат студентите запишани на втор циклус студии во октомври 2020 година, дека заверката на зимскиот, запишувањето на летниот семестар и пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија 2020/2021, ќе се врши во периодот од 10.2. - 12.2.2021, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

Полагањето на испитите од зимската испитна сесија, ќе се започне од 15.2.2021 и ќе трае до 5.3.2021 година.

Потребни документи:

- индекс;

- образец за заверка на зимскиот семестар;

- образец за запишување на летниот семестар;

- уплата за втора рата школарина;

- пријави за испити (задолжителна е и електронска пријава во Iknow системот);

- образец „прилог кон пријава за испит“, за студентите кои ќе полагаат главен предмет;

- уплати за испити.

 

За дополнителни информации, контактирајте не на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk

 

Прилог кон пријава.docx

Објавено на: 06 декември 2020

Обраќање на деканот на ФМУ - Скопје проф. м-р Живко Фирфов до дипломираните студенти на прв и втор циклус студии

Почитувани дипломирани студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје!

Ми претставува особено задоволство во име на вработените на факултетот и во мое лично име денес, на 6 декември – Денот на факултетот, да ви го честитам дипломирањето, со што се вбројувате во новата генерација завршени студенти на нашата институција. Радоста е уште поголема ако се земе предвид дека завршниот, а и најтешкиот дел на вашето студирање се одвиваше во неочекуваните вонредни околности на пандемија, кога сите ние и поединично, и како институција се соочивме со многу предизвици. Часовите и подготовките за дипломски испит се одвиваа во условите на онлајн наставата за која сите сме свесни дека не може да се спореди со најпожелниот начин на „живата“ комуникација природна за нашата уметност. Сепак, успеавме да се прилагодиме на предизвиците, и резултатот на тоа сте вие – нашите дипломци во 2020 година во која Факултетот за музичка уметност – Скопје ја одбележува 54-та годишнина од своето постоење.

Како никогаш досега, важи постулатот дека во педагошкиот процес резултатот е заеднички. Вашите напори и заложби одеа заедно со напорите и заложбите на вашите наставници да ви помогнат да ги достигнете новите сознанија и умеења во вашата професија и да ги совладате препреките и искушенија на вонредните услови. Како декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје горд сум на вас и на сите вработени на нашата институција, бидејќи заедно успеавме да бидеме организирани и одговорни за да ги извршиме нашите задолженија.

Ви пожелувам да ги памтите добрите нешта кои ги научивте во текот на студиите, да им ги пренесувате на следните генерации преку вашата професионална дејност – дали како творци, или како интерпретатори, педагози, новинари, научници. Што и да работите правете го тоа квалитетно и професионално, одговорно, совесно и со задоволство од вашата, односно нашата заедничка најубава професија. Памтете дека сте завршени студенти на првата музичка, а во изминатите 10 години – и балетска високообразовна институција во РС Македонија при нејзиниот прв Универзитет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. И да знаете – Факултетот за музичка уметност секогаш останува ваша матична куќа кадешто сте добредојдени за разговор, консултација, совет, споделување и размена на искуства и, секако, за натамошното стручно надградување на повисоките циклуси на студиите.

Ви пожелувам добро здравје, значајни професионални достигнувања и радост од резултатите на вашиот труд. Нека ве следи среќа во животот – и професионален, и приватен.

Декан на ФМУ – Скопје

проф. м-р Живко Фирфов


Објавено на: 03 декември 2020

Одбележување на 54 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Во 2020 година навршуваат 54 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Годишнината од основањето на институцијата традиционално се одбележува на 6 декември со редица активности и концерти на кои учествуваат студентите, наставниците и ансамблите на ФМУ. Во условите на пандемија 54-та годишнина ќе биде одбележана со свечена седница на Наставно-научниот и уметнички совет на ФМУ – Скопје која ќе се одржи на 7 декември (понеделник) во формат на Zoom конференција. Во текот на седницата ќе бидат прикажани повеќе видеа од активностите на ФМУ во изминатиот едногодишен период, кои беа подготвени од самите студенти и професорите на ФМУ.

(#1)


Објавено на: 26 октомври 2020

Одлука за распишување избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје за учебната 2020/2021 година

Во прилог можете да ја видите Одлуката за распишување избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје за учебната 2020/2021 година

Одлука за распишување избори за претседател и членови на ФСС на ФМУ.PDF

Објавено на: 01 октомври 2020

Упатство за користење на платформа за далечинско учење

Почитувани студенти,

Во продолжение следи упатство за користење на платформата за далечинско учење Office365 која ја содржи алатката Misrosoft Teams.


Упатство за регисрирање за Microsoft Ofice 365 - Microsoft Teams

1. Отвoрeте ја веб страната: servisi.ukim.mk

2. Кликнете во вашиот горен десен агол на копчето „најави се"

3. Откако ќе ви се отвори новиот прозорец, во долниот дел од текстот на вашата десна страна најдете го (обележано во сина боја) „Го заборавив корисничкото име" и кликнете на него

4. Ќе ви се отвори нов прозорец со простор каде треба да ја внесете вашата е-мејл адреса (користете ја вашата е-мејл адреса со која пристапувате на iKnow системот) и кликнете „Прати"

5. Отворете ја вашата е-мејл адреса каде ќе имате мејл (од noreply@finki.ukim.mk) во кој ќе биде наведен вашиот ново корисничко име (во формат: ime.prezime@fmu.ukim.mk)

6. Вратите се на веб страната сервиси, кликнете на копчето „back" за да се вратите на претходното мени, внесете го во графата вашето ново корисничко име (кое го добивте на вашата е-мејл адреса) и кликнете на „Заборавена лозинка" која е во сина боја веднаш под графата каде го внесовте новото корисничко име и кликнете на „Прати линк"

7. На вашата е-мејл адреса (истата на која го добивте новото корисничко име) ќе добиете е-мејл порака со линк до страната за креирање на нова лозинка.

8. Отворете го линкот кој ви е испратен во мејлот (со кликнување на него)

9. Ќе ви се отвори нов прозорец со „Ресетирај лозинка". Внесете ја Вашата нова лозинка, но внимавајте!

10. Новата лозинка мора да содржи голема буква, мала буква, број и специјален знак (#@!£$% и слично)

11. Притиснете на копчето „Ресетирај"

12. Креирањето на профилот треба да е успешно. Тоа се потврдува и со е-мејл кој ќе го добиете.

13. Отидете на веб страната на servisi.ukim.mk

14. Внесете го вашето ново корисничко име и вашата нова лозинка

15. Влегувате во вашиот кориснички профил на УКИМ сервиси

16. Во долниот дел треба да кликнете на копчето „Accept" – со ова вие сте најавени на сите сервиси кои ви ги нуди УКИМ, вклучувајќи и бесплатен пристап до Microsfot Office 365 во кој се интегрирани повеќе алатки како Microsoft Teams, Word, Excel, Outlook и сл, или можете директно да одберете пристап до Microsoft Teams, Word, Outlook, Excell, Powerpoint апликацијата, како и iKnow и Eduroam.

17. Сите овие чекори се дадени и во видеото со упатство: https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4&feature=youtu.be