Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 03 септември 2020
Известување во врска со приемните испити 2020/2021
Почитувани кандидати,
Во продолжение може да ги погледнете резултатите од приемните испити одржани денес, 03.09.2020 година.
Со почит,
Одделение за студентски прашања
ФМУ-Скопје
Објавено на: 02 септември 2020
Известување во врска со приемните испити 2020/2021
Почитувани кандидати,
Во продолжение може да ги погледнете ранг листите од приемните испити одржани денес, 02.09.2020 година.
Исто така ве известуваме дека приемниот испит по Солфеж за сите кандидати од Вокално инструменталните оддели кои што го положиле приемниот испит по инструмент, ќе се одржи утре, на 03.09.2020 година и тоа во 09.00 часот - Диктат, во 10.00 - Устен дел, а за кандидатите од студиската програма за Музичка теорија и педагогија, приемниот испит останува според постоечкиот распоред, на 03.09.2020 во 09.00 часот - Диктат, во 11.00 - Устен дел, со физичко присуство во просториите на ФМУ-Скопје.
Уште еднаш напоменуваме дека е задолжително носење на документ за идентификација и заштитни маски.
Со почит,
Одделение за студентски прашања, ФМУ-Скопје
Објавено на: 30 јули 2020
Известување за начинот на изведување на испитите во септемвриската испитна сесија
Почитувани колеги и студенти,
Во прилог можете да го видите распоредот на испити во септемвриската испитна сесија. Начинот на изведување на испитите е соодветно ист како и претходно во јунската испитна сесија и важат веќе објавените известувања:
http://fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60448/Izvestuvanja-za-nachinot-na-izveduvanje-na-ispitite-od-prv-ciklus-studii-vo-junskata-ispitna-sesija
СептемвриИспитнаСесија 15092020.pdfОбјавено на: 12 јуни 2020
Известување за наставата по хармонија
Почитувани студенти,
По барање на проф. Живоин Глишиќ, закажаната настава од 15.06 до 30.06.2020 година со физичко присуство на предметите Хармонија 2, Хармонија 4 и Теорија на музиката со хармонија 4 (Популарни жанрови) на ФМУ - Скопје се откажува.
За начинот на кој што професорот ќе ја изведе наставата, ќе ве информираме дополнително.
ФМУ – Скопје
Објавено на: 10 јуни 2020
Заверка на летниот семестар и пријавување на испитите од јунската испитна сесија 2019/20
Почитувани студенти,
Во тек е заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите во јунската испитна сесија, која ќе трае од 15 јуни до 15 јули 2020 година. Пријавувањето на испитите се врши исклучиво во системот iKnow.
Системот iKnow е отворен за пријавување на испитите од вторник, 9.6.2020, до недела, 14.06.2020 година до 23:59 часот.
За сите прашања поврзани со заверката на семестарот и пријавувањето на испитите контактирајте го Одделението за студентски прашања – ФМУ.
Во прилог е распоредот за јунската испитна сесија.
JuniIspitnaSesija FMU 2020.pdfОбјавено на: 10 јуни 2020
Известувања за начинот на изведување на испитите од прв циклус студии во јунската испитна сесија
Објавено на: 10 јуни 2020
Протокол за изведување на испити со физичко присуство од Министерството за образование и наука
Објавено на: 29 мај 2020
Известување за јунската испитна сесија 2019/20
Почитувани колеги и студенти,
во прилог можете да го видите известувањето во врска со јунската испитна сесија 2019/20.
Известување за jунската сесија.pdfОбјавено на: 29 мај 2020
Одговор на писмото објавено на fakulteti.mk во име на студентското собрание на ФМУ - Скопје
Во прилог е одговор на писмото објавено на fakulteti.mk во име на студентското собрание на ФМУ - Скопје.
ОдговорФСС.pdfОбјавено на: 23 мај 2020
Одбележување на 24 Мај – Патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 71-годишнината од неговото основање
Почитувани студенти и вработени на ФМУ - Скопје,
нека ни е честит 24 Мај - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа година го дочекуваме во вонредни услови и без традиционалните одбележувања на кои учеството на солистите и ансамблите на ФМУ - Скопје секогаш им даваше посебен сјај. Но се надеваме на што побрзо враќање на редовниот факултетски живот, наставата и уметничките активности на нашите студенти кои и натаму ќе бидат значаен дел од прославата на 24 Мај.
На 22 мај (петок) 2020 година, во пресрет на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, делегација на Факултетот за музичка уметност – Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на платото на универзитетскиот кампус.

