Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 21 март 2024
Записник од гласањето за повторување на изборите за претседател на Факултетското студентско собрание и Одлука за констатација на изборот
Записник и одлука ФСС.pdfОбјавено на: 20 март 2024
Ранг листа на кандидати пријавени за добивање на стипендија за втор циклус студии од областа на етномузикологијата „Атанас Бадев“
2024-03-20 101723.PDFОбјавено на: 12 март 2024
Повторување на избор на претседател на Факултетското студентско собрание за студентите од четврта година на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Почитувани студенти,
во прилог може да ја погледнете Одлуката со која се распишува повторен избор на претседател на Факултетското студентско собрание за студентите од четврта година на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Изборите ќе се одржат на 14.3.2024, од 13 до 14 часот.
ОДЛУКА ФСС.pdfОбјавено на: 09 февруари 2024
Листа на ментори за втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Листа на ментори втор циклус студии.docОбјавено на: 08 февруари 2024
Соопштение за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2023/2024 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2023/2024
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 12.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
- 13.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
- 14.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III ГОДИНА
- 15.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2020 ГОДИНА.
Потребни документи:
- Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар. Студентите од I година, во индексот да имаат печат за извршен систематски преглед);
- Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
- Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
- Потврда за уплатена II рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит.
- Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.
Дополнителни информации:
Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.
Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2024 година.
Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Уплатници ФМУ..docx
Објавено на: 09 јануари 2024
Упатство и Конкурс за спроведување на избор на заменик студентски првобранител на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Почитувани студенти,
Во прилог може да го погледнете Упатството за спроведување на избор на заменик студентски првобранител од редот на студентите на Факултетот за музичка уметност - Скопје и Конкурсот за избор на заменик на студентски првобранител на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Објавено на: 19 декември 2023
Соопштение за пријавување на испити за зимска испитна сесија 2023/2024 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
за пријавување на испити за зимска испитна сесија 2023/2024
Се известуваат студентите од прв циклус студии дека пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија, ќе се одвива во периодот од 9.1. до 11.1.2024 година.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- индекс со сите потписи
- пријави за испити, целосно пополнети*
*студентите ги пријавуваат само испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои добиле потпис во индекс од предметниот професор.
- пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат во одделението за студентски прашања).
Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 5.1. до 10.1.2024 година и е задолжително за сите студенти.
Eвентуални технички проблеми при електронското пријавување, треба да пријавите на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk, најдоцна до 10.1.2024.
Испитната сесија може да ја погледнете во прилог.
Зимска испитна сесија 2024!.pdf
Објавено на: 11 декември 2023
Упатство за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Почитувани студенти,
во прилог може да го погледнете упатството за спроведување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Објавено на: 27 ноември 2023
Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание и Одлука за организирање на изборите на Факултетот за музичка уметност - Скопје
Почитувани студенти,
во прилог е Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за музичка уметност - Скопје, кои ќе се одржат на 25.12.2023 година и одлуката за организирање на изборите, преку собири на студентите за предлагање на кандидати.
Објавено на: 03 ноември 2023
Career transition support програма за практикантска работа во компании во Македонија или Косово
Почитувани студенти,
ве известуваме дека преку Центарот за кариера на УКИМ, активно е пријавување за Career transition support програмата за практикантска работа во компании во Македонија или Косово - програма на World University Service (WUS) која е финансирана и поддржана од владата на германската покраина СевернаРајна-Вестфалија.
За учество потребно е да се најавите на линкот во прилог:
Кој може да аплицира?
• Студенти кои се во последната фаза од нивните студии (ќе дипломираат во Октомври или Ноември 2023 година);
• Оние кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (30.11.2023)
• Оние кои се на магистерски студии.
Што нудиме:
-Обуки за тоа како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV, Motivation Letter и вашето прво интервју).
-15.000 денари месечно за период од 3-6 месеци
- Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис
- 2 тренинг курса за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна
На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).
За повеке информации можете да го исконтактирате Димитар Каљошевски на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940
(#1)
