Објавено на: 03 мај 2022

Листа на студенти од ФМУ – Скопје за аудиција за концерт на студентите од државните музички факултети со НУ Филхармонија на Република Северна Македонија

Почитувани,

во продолжение е листата на студенти од ФМУ - Скопје кои ја поминаа интерната аудиција на факултетот и кои ќе земат учество на главната аудиција за концерт на студентите од државните музички факултети со НУ Филхармонија на Република Северна Македонија:

 

Ангела Димковска – флејта

Иван Узунов – ударни инструменти

Митко Рошков – труба

Анел Селим – кларинет

Никола Терзиски – хорна

Виктор Богоевски – тромбон

Мартина Јаневска – виолончело

Аљба Зекири – виолина

Диана Мирчевска – виолина

Памела Велкова – виолина

Дарко Гроздановски – виолина

Магдалена Кочоска – оркестарско диригирање

Ана Спасовска – оркестарско диригирање

Искра Атанасова Митуш – пијано

Ивона Базгалоска – пијано

Нита Груби – пијано

 


Објавено на: 21 април 2022

Резултати од Полифониот конкурс на катедрата за клавишни инструменти одржан на 20.4.2022

Почитувани,

во продолжение се резултатите од Полифониот конкурс на катедрата за клавишни инструменти одржан на 20.4.2022 година:

 

I награда

 

Даниел Петрески - IV год.

Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска

Ј.С.Бах - Ricercar a 6 (Пруска фуга во шест гласа) c-moll од "Musicalisches Opfer" - Музичка жртва BWV 1079  

 

Ивона Базгалоска - IV год.

Класа: проф. д-р Нина Костова

Ј.С.Бах- Токата c moll

 

II награда

 

Дамјан Милески - IV год.

Класа: проф. д-р Нина Костова

Ј.С.Бах- Прелудиум и фуга cis moll ДТК. 1

fis dur ДТК. 1

 

Ивана Стојковиќ - IV год.

Класа: доц. м-р Дино Имери

Ј.С.Бах / Ф. Лист - Прелудиум и Фуга BWV 543 a-moll

 

III награда

 

Димитар Митревски - I год.

Класа: вон. проф. м-р Марија Вршкова

Ј.С.Бах - Прелудии и фуги Е- dur ДТК 1 и As - dur ДТК 1 BWV 854 и 862

 

Ивона Стојанова - III год.

Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска

Ј.С.Бах - Токата G-dur BWV 916

 

Искра Атанасова - Митуш - I год.

Класа: проф. д-р Нина Костова

Ј.С.Бах - Партита c moll


Објавено на: 10 февруари 2022

С О О П Ш Т Е Н И Е

Запишувањето на летниот семестар од учебната 2021/2022 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи.
Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки:
• секој студент да дојде во наведениот термин, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
• студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 или 0/2 да го пополнат индексот со предметите кои ги запишуваат во летниот семестар од учебната 2021/2022 година;
• откако целосно ќе се пополни индексот, заедно со останатата документација, ќе се остави во кутијата која ќе се наоѓа во холот на факултетот.

Запишувањето на летниот семестар ќе се одвива од 14.2.2022 година до 17.2.2022 година во периодот од 9 часот до 15 часот, со следниов распоред:
- 14.2.2022 – ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД I ГОДИНА
- 15.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД II ГОДИНА
- 16.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД III ГОДИНА
- 17.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД IV ГОДИНА И ОСТАНАТИ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД УЧЕБНАТА 2017 ГОДИНА

Потребни документи:
• Индекс со запишани предмети за летниот семестар од учебната 2021/2022 година;
• Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар);
• Потврда за уплата на втора рата школарина;
• Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
• Уплати за презапишување на не положени предмети од летниот семестар во учебната 2020/2021 година, во висина од 410 денари за 1 ЕКТС кредит;

За запишување на летниот семестар во Iknow системот, потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 15.2.2022 година.
За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте нѐ на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Жиро сметките за уплата на сите трошоци се прикачени во прилог.

Уплатници ФМУ_60596_640.docx

Објавено на: 27 декември 2021

Заверка на зимски семестар и пријавување на испити за зимска испитна сесија, 2021/2022, за студентите од прв циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2021/2022, ЌЕ СЕ ОДВИВА ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО ПЕРИОДОТ ОД 11-ти ДО 14-ти ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА.

-       11.1.2022 – ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД I ГОДИНА

-       12.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД II ГОДИНА

-       13.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД III ГОДИНА

-       14.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД IV ГОДИНА И ОСТАНАТИ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД УЧЕБНАТА 2017 ГОДИНА

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- образец за заверка на семестар (се пишуваат СИТЕ предмети кои биле запишани во изминатиов зимски семестар)

- пријави за испити, уредно и целосно пополнети*

* Студентите ги пријавуваат испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои оствариле право на потпис од предметниот професор.

**Ве молиме пријавите да бидат претходно пополнети, бидејќи нема да биде дозволено задржување во холот на факултетот, поради запазување на здравствените протоколи.

 

Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 10-ти до 13-ти јануари 2022 и е задолжително за сите студенти.

 


Објавено на: 02 декември 2021

Свечен концерт на 6 декември во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање

Свечениот концерт во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање ќе се одржи на 6 декември во Фоајето на НУ Национална опера и балет на 6 декември (понеделник) со почеток во 20 часот.
Настапуваат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Драган Даутовски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Нинослав Димов, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, проф. м-р Фросина Балова, проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, проф. д-р Искра Шукарова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Андријана Јаневска, м-р Бобан Ковачевски.

Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на fmu@fmu.ukim.edu.mk заклучно со 6 декември 16 часот.


Настанот се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

(#1)


Објавено на: 23 ноември 2021

Денови на жалост

Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на ден 23 ноември 2021 година, 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост.
Јавните настани закажани од ФМУ за овие три дена се откажуваат.
Колективот и студентите на Факултет за музичка уметност изразуваат длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.


Објавено на: 26 октомври 2021

Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2020 година, Претседател на Р. Северна Македонија

Почитувани,

ви ја проследуваме информацијата во врска со Јавен повик за доделување на признанието „Успешни млади“, кое го доделува претседателот на Р. Северна Македонија, д-р Стево Пендаровски. Јавниот повик се однесува на лица кои заклучно со 2020 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во 8 категории, кои ги опфаќаат сите научни области, и уметностите.

Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://pretsedatel.mk/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8/

Повикот е отворен до 01 ноември 2021 година.


Објавено на: 22 септември 2021

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Оглас за еднородителски-converted.pdf

Објавено на: 17 септември 2021

Запишување на зимски семестар од учебната 2021/2022 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за студентите од II, III и IV година

 

Запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи. 

Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки: 

  • секој студент да дојде во наведениот термин, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
  • студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 или 0/2 да го пополнат индексот со предметите кои ги запишуваат во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година; 
  • откако целосно ќе се пополни индексот, заедно со останатата документација, ќе се остави во кутијата која ќе се наоѓа во холот на факултетот.

 

Доставување на документи за упис за студенти од II година

Датум за доставување на документи

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до)

21.9.2021 (вторник) 

10 – 11 часот 

4303 – 4313

21.9.2021 

11 – 12 часот 

4313 – 4324

21.9.2021 

12 – 13 часот 

4325 – 4335

21.9.2021 

13 – 14 часот 

4336 – 4346

21.9.2021 

14 – 15 часот 

4347 – 4356

Доставување на документи за упис за студенти од III година 

Датум за доставување на документи

Час (од – до)

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до)

 22.9.2021

10 – 11 часот 

4247 – 4257

22.9.2021 

11 – 12 часот 

4258 – 4268

22.9.2021 

12 – 13 часот 

4269 – 4279

 22.9.2021

13 – 14 часот 

4280 – 4291

 22.9.2021

14 – 15 часот 

4292 – 4302

 

Доставување на документи за упис за студенти од IV година 

Датум за доставување на документи

Час (од – до)

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до

 23.9.2021

10 – 11 часот 

4160 – 4175

23.9.2021 

11 – 12 часот 

4176 – 4192

23.9.2021 

12 – 13 часот 

4193 – 4210

23.9.2021 

13 – 14 часот 

4211 – 4228

23.9.2021 

14 – 15 часот 

4229 - 4246

Доставување на документи за упис на студенти запишани во учебната 2017/2018 година

Датум за доставување на документи

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до

24.9.2021

10 – 11 часот 

4060 – 4077

24.9.2021 

11 – 12 часот 

4078 – 4095

24.9.2021 

12 – 13 часот 

4096 – 4114

24.9.2021 

13 – 14 часот 

4115 – 4133

 24.9.2021

14 – 15 часот 

4134 – 4159

Доставување на документи за упис за студенти запишани пред 2017 година - 21.9.2021 (вторник), од 9 – 15 часот. 

  

Потребни документи: 

  • Индекс со запишани предмети за зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година; 
  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар); 
  • Образец ШВ.20 за Завод за статистика;
  • Потврда за уплата на прва рата школарина; 
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства; 
  • Уплати за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, во висина од 410 денари за 1 ЕКТС кредит;
  • Уплата за библиотечен фонд, во висина од 300 денари;
  • Уплата од 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ (оваа уплата е на жиро сметка на Универзитетот која е посебно прикачена во прилог).

 

За запишување на зимскиот семестар во Iknow системот, потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2021 година. 

Листата со изборни предмети кои ќе бидат активни во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година е објавена во прилог.

 

За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте нѐ на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk 

 

Жиро сметките за уплата на сите трошоци се прикачени во прилог.

 

Уплатници ФМУ.docx ИКСА на УКИМ.jpg Изборни предмети ФМУ 2021.pdf

Објавено на: 14 септември 2021

Отворен вакцинален пункт за студентите и вработените на УКИМ

Од 9 септември 2021 година започна со работа Вакциналниот пункт за студентите и вработените на УКИМ, кој е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето, до главниот влез на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9В.

Истиот е отворен секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

На располагање се вакцините Sinovac и Pfizer.