Објавено на: 17 мај 2018

Промоција на прирачник на ФМУ - Скопје

Во соработка со Факултетот за Музичка Уметност – УКИМ, катедрата за балетска педагогија-современ танц и вонр.проф. д-р. Искра Шукарова, Центарот за Даунов Синдром организира промоција на прирачникот кој е подготвен како дел од проектот И јас сакам да бидам балерина, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Оваа соработка е исто дел од проектот Номад то Номад на НВО- Номад Танц Академија Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во концертната сала на ФМУ на 17. 05. 2018 во 15 часот.


Објавено на: 16 мај 2018

Испит од втор циклус студии - КАТЕРИНА СТОЈАНОВСКА КРСТЕВСКА

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.5.2018 (понеделник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентката КАТЕРИНА СТОЈАНОВСКА КРСТЕВСКА.

 

Комисија:  Вонр. проф. д-р Трена Јорданоска

                 Проф. д-р Димитрије Бужаровски

                 Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја


Објавено на: 16 мај 2018

МАЈСКО-ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018

Почитувани студенти,


во прилог се објавени термините за полагање на испитите во летната испитна сесија 2017/2018

ИСПИТНА СЕСИЈА Мај-Јуни 2018.pdf

Објавено на: 14 мај 2018

Испит втор циклус студии - Бобан Рајчиноски

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 22.5.2018 (вторник), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА – СОЛО ПЕЕЊЕ на студентот БОБАН РАЈЧИНОСКИ.

 

Комисија: 

Доц. м-р Ана Дурловски

Проф. м-р Марија Наумовска

Вонр. проф. д-р Горан Начевски

                   


Објавено на: 14 мај 2018

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ – Скопје

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ – Скопје

Во вторник, 15 мај, со почеток во 17 часот во малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи промоција на радио емисијата Музичко дружење со студентите по дувачки и гудачки инструменти и гитара од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и документарното видео за снимањето на емисијата, подготвени од студентите на насоката за сонологија со мултимедија.


Објавено на: 11 мај 2018

Испит втор циклус студии - Илинка Велкова

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 18.5.2018 (петок), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи одбрана на магистерска програма од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА (ФЛЕЈТА) на студентката ИЛИНКА ВЕЛКОВА .

 

  Комисија:  Проф. м-р Страшо Темков

                   Проф. м-р Васо Ристов

                   Вонр. проф. м-р Марјан Милошевски

                   


Објавено на: 10 мај 2018

Концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ во Гевгелија

На 10.5.2018 година во Гевгелија, во народниот театар со почеток од 20 часот, ќе се одржи  концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентското водство на проф. м-р Борјан Цанев. Како солисти ќе настапат студентите: Љубица Делева, Лида Алиу, Пандорка Јанаќиева, Јана Каевска и Димитар Михајловски од класите на проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко и проф. м-р Љубиша Кировски.


Објавено на: 09 мај 2018

„Вечер на Росини“ - Концерт на ФМУ - Скопје

Вечерва, во 19:00 ч. во концертната сала на ФМУ - Скопје (9.5.2018 година) ќе се одржи концерт во рамките на циклусот „MUSICA VIVA“. Концертот е насловен „Вечер на Росини“ на кој ќе настапат студентите од вокално - инструменталниот оддел.


Објавено на: 03 мај 2018

Предавањe со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор" на ФМУ - Скопје на 8.5.2018 година

Во вторник, 8.5.2018 година во 13:15 ч.  во малата сала на ФМУ-Скопје ќе одржи предавање проф. др. Ана Петров од Факултетот за медиуми и комуникации Сингидинум од Белград. Предавањето е со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор". Проф. Петров е реномиран музиколог и социолог и автор на книгите:  Pjeru Burdijeu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) , Brunu Laturu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) Jugoslovenska muzika bez Jugoslavije. Koncerti kao mesta sećanja, (FMK, Beograd, 2016). Предавањето ќе ги опфати сите процесите на музичка рецепција на популарната музика во постјугословенскиот период. 


Објавено на: 02 мај 2018

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!