Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Дино Имери

Доцент

м-р Дино Имери

Пијано, Камерна музика, Пијано во контекст, Корепетиција

email: dinoimeri@gmail.com

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ - Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Соработувал со еминентни уметници меѓу кои диригентите Најден Тодоров, Емил Табаков, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, Дијана Имери Илкоска, Јозеп Висент, пејачите Ана и Игор Дурловски, Благој Нацоски, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов, Луиџи Скифано, Биљана Јосифов, инструменталистите Влатко Стефановски, Бојан Илкоски, Марија Вршкова, Ади Имери и др.

Добитник е на наградата „Послание за Хуманост“ на Здружение св. „Мајка Тереза“ за својата хуманитарна работа, а носител е на титулата Лауреат на Фондација „Томислав Зографски“, добитник на наградата „Виртуози“ и многу други домашни и меѓународни признанија.

Неговата дискографија содржи 5 изданија за домашни и странски дискографски куќи, а бележи и богата филмографија како композитор за долгометражни филмови и телевизиски серии.

Од 2019 г., Имери е доцент на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје каде предава повеќе предмети меѓу кои Пијано, Камерна Музика, Пијано во Контекст и Корепетиција.