Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ е основан во 1999 година на иницијатива на проф. Велко Тодевски. Составен од избрани студенти на гудачкиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје, oд своето основање до денес оркестарот редовно остварува бројни успешни настапи во рамките на редовните активности на факултетот, на фестивали како „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Нишки музички свечености“ и други.
Последните реализирани концерти на овој ансамбл беа на затворањето на „Интерфест - Битола“ 2012 под диригентството на проф. Велко Тодевски и со виолинистот од Франција, Франсис Дироа, како и исклучителниот заеднички концерт со виолончелистот и диригент Марк Копеј, на 5 април 2013 година.
Репертоарот на овој ансамбл се состои од дела од сите музички епохи, од кои голем дел се и премиерни изведби на дела од македонски современи композитори.