Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Студентски парламент

Студентскиот парламент на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј"- СПУКМ е здружение на граѓани од автономен, невладин и непартиски карактер формирано за слободно здружување на студентите независно од нивната национална, верска и полова припадност и нивните политички убедувања. Работата на Студентскиот парламент при Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на Студентскиот парламент на Универзитетот за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување на извештај за работата на органите и телата на Студентскиот парламент на универзитетот, и за материјалното финансиско работење.

 Цели и задачи:

  • Претставување на студентите пред сите институции во локални, национални и интернационални рамки;
  • Заштита и остварување на студентските права во сите сфери;
  • Оставрување на правата на студентите во однос на прашањата и проблемите сврзани со системот на високото образование како целина;
  • Унапредување на погледите на студентите по прашања и проблемите кои се однесуваат на високото образование и нивниот страндард;
  • Развивање и задоволување на културните потреби на студентите, спортско-рекреативните дејности, научно-техничкото творештво, здравствени. хуманитарни и други активности;
  • Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
  • Афирмација на Универзитетот во државата и пошироко;
  • Разгледување, оценување и завземање став во однос на актуелни прашања кои се од интерес на студентите

Веб страна: www.spukm.org.mk