Библиотеката на Факултетот за музичка уметност - Скопје е оформена во 1966 година. Располага со површина од153 м2, 12 места во читалната и 1 место во фонотеката. Поседува 6809 наслови на ноти, 2201 наслов на текстуални книги од областа на музиката, 2154 број на примери на звучни снимки и 132 наслови на музички списанија. Посетата од читатели, студенти и професори од Факултетот се движи околу 3000-4000 годишно со право литературата да се користи надвор од библиотеката. Во библиотеката е вработен еден библиотекар. Библиотеката е комјутеризирана со 2 комјутера со комјутерско пребарување и каталогизирање на книгите. Библиотеката поседува и пристап до интернет за студентите и професорите. Поседува модерен музички систем за слушање и преснимување.
Библиотечниот Фонд содржи материјал од областа на музичката уметност и тоа:
Монографски публикации:
- речници, лексикони, енциклопедии
- публикации за историјата на музиката
- стручни и популарни изданија за сериозната и народната музика
- музички партитури и ноти на домашни и странски автори
- оркестарски штимови за камерни состави и симфониски оркестри
Сериски публикации (списанија):
- домашна и странска периодика од областа на музиката
- некнижен матријал (фонотека):
- грамофонски плочи
- аудио касети
- магнетофонски ленти
- компакт и ДВД дискови
- видео касети
Дробен печат:
- концертни програми (со настапи на студентите од Факултетот)
- плакати од музичките настани (поврзани со Факултетот)
Фондот се пребарува преку:
- печатени каталози по автор (абецеден)
- печатен каталог (тематски)
- автоматизиран каталог (компјутер) по било кој податок
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Збогатување на фондот на библиотеката со нови наслови слични на оние во Европските музички факултети годишен интензитет на набавка од 250 - 300 наслови со сопствената колекционерско-развојна политика со што Факултетска библиотека во наредните 5 години ќе ја прерасне во средно развиена библиотека (со 10000 наслови на ноти) и ќе одговори на потребите од студентите а делумно на барањата од постдипломците.
Годишен план ќе се изработува врз основа на наставната програма (ЕКТС-систем и Болоњската декларација), во консултација со професорите и пратење на упатството од Комитетот за колекционерско-развојна политика на Интернационалната асоцијација на музички библиотеки(ИАМЛ). При правењето на планот за насловите ќе се консултира е стручен каталог издаден од Интернационалната асоцијација каде се дадени базичните наслови на музикалии(кој одговараат за библиотека од овој ранг), со најниските и најпогодните цени така да ќе се гарантира што повеќе наслови за што помала финансиска сума.
Набавка на ноти, книги и ЦД од модерни автори со што ќе се подтикне интересот кај студентите и професорите за актуелните и модерните случувања во музиката.
Здобивање на студентите со нови уметничко-музички и инструментално-исполнувачки знаења.
Интензивирање на пребарувањето преку интернет и зачленување на библиотеката во различни светски бази на податоци.
Поефикасно извршување на семинарските, дипломските,магистерските и докторските трудови како и воннаставните активности и музицирања.
Исполнување и на пошироки општествени барањата (ноти за другите институции (основни,средните школи, филхармонија, операта, поранешни студенти, музички новинари и други).
Работно време:
Понеделник – петок од 7,00 до 15,00 часот
Зајмување на материјал до 11,00 до 13,00 часот
Фонотека по 13,00 часот