Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Хор "Драган Шуплевски"

Хорот “Драган Шуплевски” при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Сегашното име го добива во 2002 год. во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува и во проекти заедно со другите ансамбли на ФМУ и на реномирани музички фестивали како “Мајски оперски вечери”, “Интерфест,” “Нишки хорски свечености”, “Мајски хорски конкурс”, “Варсовиа Кантат“ и.т.н. Репертоарот опфаќа композиции од ренесансата па се до најсовремени творби, како а-капела така и вокално-инструментални композиции. Посебен настан секоја година претставуваат концертите на духовна музика во централните храмови на Македонската православна црква и католичката црква во Македонија.

Од концертите на хорот се направени и неколку ТВ и радио снимки а факултетот за музичка уметност издаде и ЦД носачи на звук од двата последни концерти на духовна музика “Вечерна жртва” под диригентство на актуелниот диригент на хорот Сашо Татарчевски.

Својот квалитет и напредокот во последните неколку години хорот ги потврдува и со освојувањето награди на меѓународни хорски натпревари. Последни во низата успеси се Првата награда на интернационалниот хорски натпревар “Варсовиа Кантат“ во Варшава (Полска) во 2010 година, Втората награда на Хорскиот натпревар во Римини (Италија) во 2011 година, како и Првата награда и Златен ангел на Меѓународниот хорски натпревар во Краков (Полска) во 2012 година.

Како резултат на овие успеси, хорот е редовно покануван да учествува на реномирани фестивали и натпревари.


Огласна табла

Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА

05/04/2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.

 

Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. м-р Борис Романов

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. д-р Марија Ѓошевска

Проф. д-р Ана Гацева

<< Затвори

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори