Редовен професор
м-р Сашо Татарчевски
Група наставни предмети од областите диригирање и хорско пеење
email: statarcevski@gmail.comСашо Татарчевски е роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано.
Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, „Солисти на ФМУ“, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“ и други камерни, хорски и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ и мешаниот хор „Драган Шуплевски“. Од 2004та година е уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ, а во 2011та година го основа професионалниот мешан хор „Про Арс“ и од тогаш е негов уметнички раководител и диригент.
Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Словачка, Босна и Херцеговина, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари, стручен советник и член на борд на неколку меѓународни хорски асоцијации како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.