Редовен професор
м-р Страшо Темков
Флејта, Оркестарски делници за флејта, Камерна музика за дувачки инструменти
email: straso2002@yahoo.comСтрашо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација чијашто многустрана дејност ја зацврстува традицијата на уметничката музика во земјава, промовирајќи ја интерпретацијата на дувачките инструменти толку карактеристични за ова поднебје.Со Музиката како животна определба започнува уште на најмлади години и понатаму ги поминува сите скалила за формирање на врвен музичар-интерпретатор. Факултетот за музичка уметност во Скопје, последипломските студии на Музичката Академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Во текот на студирањето Страшо Темков соработува со реномираните уметници и педагози од Европа и светот . Одличната школа се потврдува со стекнување на бројни награди на републичките и сојузните – во рамките на поранешната СФРЈ – натпревари на млади уметници. Од 1991 година во Македонската филхармонија неговата флејта станува своевиден „препознатлив знак“ на оваа институција: како прв флејтист на Филхармонијата тој редовно ги изведува впечатливите сола на светската оркестарска литература. Талентот и желбата за уметничкото реализирање го водат на концертните подиуми – како солист со повеќе оркестри (Македонска Филхармонија, Француско-американскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија ,Македонскиот камерен оркестар,Аморозо камерен оркестар,Лејдис камерен оркестар и др.), солист со многубројни рецитални програми, член на реномираниот „Македонски дувачки квинтет„ и други камерни состави. Страшо Темков настапува на познатите музички фестивали во земјава и странство: „Охридско лето“, “Есенски музички свечености“,„Скопско лето“, „Денови на македонска музика“,“Хераклејски вечери“,”Арт Аполониа”-“ Салон на уметноста”-Софија Р.Бугарија,” НИМУС” ,”ЛЕДАМУС”- Србија,”Еспресиво”-Цетиње,”Барски љетопис”-Бар,”Меѓународен фестивал за камерна музика”-Никшиќ-Ц.Гора,Хрватска,Италија,Франција ,Англија,САД и др., а се вбројува меѓу малкуте македонски уметници кои настапиле во КАРНЕГИ ХОЛ-ЊУЈОК САД – една од најпрестижните светски концертни сали. Репертоарот на Страшо Темков ги опфаќа периодите од Барок до современата музика, а забележлив е неговиот стремеж за промовирање на нови дела – како на светската литература за флејта, така и на домашното музичко творештво.Тој има издадено два компак диска во соработка со пијанистката Марија Вршкова во продукција на“ МММ“ и “ДКУ-СКОПСКО ЛЕТО“.
Покрај уметничката дејност, Страшо Темков активно се бави со педагогијата. Тој е професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ментор на студентите на додипломските и магистерските студии. Очигледни се резултатите на неговата педагошка дејност, неговите студенти освојуваат престижни награди на натпреварите за млади музичари,настапуваат со самостојни рецитали и како солисти со оркестри,основач е на квартетот флејти„АУЛОС“, а тој е редовно покануван да биде член на жири на домашни и меѓународни натпревари . Страшо Темков е на врвот на својата професија , уметник со впечатлив стил на интерпретацијата .