Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Марија Ѓошевска

Редовен професор

д-р Марија Ѓошевска

Пијано, Камерна музика, Литература за пијано

email: gjoshevskapiano@yahoo.com

Марија  Ѓошевска е родена во Неготино 1980 год. каде го започнува музичкото образование. Средното музичко училиште го завршува во МБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје во класата на проф.Снежана Анастасова Чадиковска, а дипломира и магистрира на ФМУ – Скопје во класата на проф. Борис Романов. Во моментов е при крај на докторските студии по пијано кај истиот професор.

Марија  Ѓошевска учествувала на повеке концерти во Македонија и странство: Англија,Франција, Италија, Хрватска, Турција, Бугарија, Чешка итн.

Учествувала  на повеќе натпревари и тоа:

-1992, 95, 98 – прва награда на Републичките натпревари по пијано

-1995 – финалист на меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабен – Чешка

-1996 – финалист на меѓународниот натпревар во Сенегалија - Италија

-1997 - трета награда на меѓународниот натпревар Никола Рубинштајн во Париз – Франција

 

Повеќе  пати настапува како солист со: Македонска филхармонија  Дубровачки Симфониски Оркестар, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на Охридска лето.

Настапувала со свои рецитали на Скопско лето, Хераклејски  вечери, Охридско лето итн. Како солист и хонорарен соработник на Македонската Филхармонија има соработувано со повеќе диригенти: Антон Нанут, Леонид Николајев, Патрик Штруб, Арилд Ремерајт, Јуриј Алиев, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев и др.

Реализирала аудио и видео снимки за потребите  на МРТВ.

Работи  како вонреден професор на катедрата  по пијано на Факултетот за Музичка  Уметност во Скопје.