Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Љубиша Кировски

Редовен професор

м-р Љубиша Кировски

Виолина, Оркестарски делници за виолина, Камерна музика за гудачки инструменти, Методика на наставата по гудачки инструменти

email: kirovski3@gmail.com

Љубиша Кировски дипломира и магистрира на ФМУ- Скопје, во класата на професор Зоран Димитровски, со највисоки оцени. Специјализира виолина и камерна музика на Европската Моцарт Академија во Варшава кај професорите Г. Жислин, И. Роман и Г. Такач. 

Активен концертен музичар, Љубиша Кировски настапува како солист со Македонската Филхармонија во Скопје и на гостувања во Софија и Сараево, настапува како солист со оркестарот на Санкт Петербуршката капела изведувајќи го концертот од В.А.Моцарт во А-дур. Во 2006 година остварува концертна турнеја како солист со камерниот оркестар на Македонската филхармонија во шест градови во Шведска, каде го изведува Концертот за виолина о оркестар во д-молл од Феликс Менделсон. Од неговите солистички настапи забележителна е и изведбата на шестте сонати од Е. Изаи во една вечер.

Како камерен музичар реализира бројни настапи со квартетот "Гајдов"- низ Македонија, како и во Германија, Турција, Романија, и со триото "МАК" во Лондон.  Љубиша Кировски веќе 15 години концертира во дуо со својата соприхга Маја Шутевска-Кировска. Заеднички реализираат концерти на реномирани фестивали во: Полска, Италија, Швајцарија, Бугарија Северен Кипар, Србија, Црна Гора и на сите позначајни фестивали во Македонија со изведба на преку 40 сонати за виолина и пијано . 

Дуото Кировски, се усовршува на Летната Академија во Лозана, на мастер- клас наменет на уметноста на интерпретација на сонати за виолина и пијано кај професорите П. Амојал и П. Гилилов. За нивните заеднички настапи, Дуото Кировски во 1998 е добитник на Специјалната награда на Ц.Е.И. на натпреварот за камерна музика Трио ди Триесте-во Трст Италија, а во 2003 година им е доделена наградата "Златна Лира" која ја доделува СМУМ за врвни уметнички достигнувања.

Во 1999 година Кировски го снима првот ЦД во живо од концертот на фестивалот Охридско лето, во 2005 го издава вториот компакт диск исто така снимен во во живо од фестивалот Есенски Музички Свечености Скопје, а во 2009 е идадено тројно ЦД со три концерти во живо.

Љубиша Кировски делувал како концерт-мајстор на оркестрите на Македонската Филхармонија и Македонската опера и балет. Работи како вонреден професор на ФМУ- во Скопје и водач на гудачкиот квартет Гајдов.

Огласна табла

Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА

05/04/2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.

 

Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. м-р Борис Романов

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. д-р Марија Ѓошевска

Проф. д-р Ана Гацева

<< Затвори

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори