Редовен професор
д-р Искра Шукарова
Композиција на модерен и современ танц, Методика на современ танц, Современ танц
email: sukarovai@yahoo.comИскра Шукарова беше истакнат солист при Македонската Опера и Балет од 1991-2010 год, каде реализираше бројни солистички улоги како дел од репертоарот на МОБ.
Таа специјализираше современ танц на Националниот Конзерваториум Супериор во 1993 , Лион – Франција. Во 2002 година ги завршува Магистерските студии во Лабан Центар во Лондон- Велика Британија.
Шукарова има остварено повеќе битни работилници и професионални обуки во сферата на современиот танц со : Сузан Линке, Џо Алегадо, Мили Битерли, Миа Лоренс, Иван Волф, Јенифер Лејси. Таа има остварено бројни интернационални ко-продукции со Јошико Чума (Јапонија), Берт Гштетнер (Виена), Урсула Игли (САД) итн.
Во 2003 поканета е да го изведе своето соло Надвор од Тангента на фестивалот Танцтендензен во Германија, потоа настапува на 2-та Балканска Платформа во Букурешт- Романија и во Фивизано- Италија, каде што и е доделена наградата Златен Делфин.
Нејзината продукција Оуч- Кауч 2005 е прикажана на интернационални фестивали во Сарајево (Театар Фест), Малме (Данстатионен), Софиа (Црвена Куќа), Белград (Дом Омладине), Драч (Интернационален Фестивал) и Даблин (Фестивал за современ танц) и други.
Во 2009 година Шукарова добива уметничка резиденција од страна на еминентниот кореограф Јозеф Наџ во неговиот кореографски центар во Орлеан- Франција за да го создаде делото Формула. Делото Формула е прикажано на повеќе интернационални фестивали во: Словенија (Глеј Театар), Италија (Интернационалн фестивал), Франција (Траверс фестивал), Хрватска (Тједан Сувременог Плеса), Турција (Иданс фестивал), Шпанија (Мес де Данза).
Шукарова има добиено повеќе грантови и уметнички престои, како на пример во Виена- Дансвеб и Њу Јорк- Артс Линк.
Шукарова ја направи програмата за часот по современ танц во 1994-1995 при МБУЦ- Илија Николовски – Луј, каде и предаваше во тој период.
Како уметнички директор на балетот при МОБ е ангажирана од 2002-2004 год.
Шукарова е еден од основачите на НВО Локомотива- Центар за Нови Иницијативи во Уметноста и Културата во 2003, каде е уметнички директор на програмата за современ танц. Таа е исто така еден од основачите на Балкан Танц Нетворк, како и неформалниот едукативен проект Номад Танц Академија.
Доцент м-р. Искра Шукарова од 2010 е професор на студиската програма по Балетска педагогија за класичен балет и современ танц при ФМУ.