Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Марија Вршкова Зафировска

Вонреден професор

м-р Марија Вршкова Зафировска

Корепетиција – практика, Корепетиција

email: vrskova@hotmail.com

 

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование.

Дипломирала на Факултетот за музичка уметност–Скопје со највисоката оцена na nivo na univerzitet - "CUM LAUDA" вокласата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерскитe студии по пијано.

Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а најзначајна меѓународна наградата е  Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим–Италија.

Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти.

Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистичкит ехники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори.

Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите Македонски умерници,Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010-та година, таа го снима и своето прво солистичко цд, Македонска музика за пијано.

КакосолистиикамеренмузичарнастапувалавоТурција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, ВеликаБританија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија,Србија, Австрија, Англија,Грција…

Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености...

Како врв на уметничката дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири,на интернационалниот натпревар Охридски бисер, 2009-та година, како и трите награди Виртуози, за музички изведувач, 2013-та година, Камерен состав 2015-та година и Камерен состав 2016-та година.

Марија Вршкова во моментот работи како доцент при ФмУ Скопје .