Вонреден професор
д-р Елена Атанасовска Ивановска
Корепетиција – практика, Корепетиција
email: elena.atanasovska@gmail.comБиографија- Елена Атанасовска- Ивановска
Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.
Во текот на музичкото образование се здобива со награди на државни и меѓународни натпревари. Повеќе први награди на републичко ниво, I награда на меѓународниот натпревар „Златен Лист“ во категорија на дуо состав во Сан Бартоломео, Италија (1996), II награда на истиот натпревар во категорија соло пијано (1996), II награда на натпреварот „Музиката и земјата“ во категорија на камерни состави, Софија, Р. Бугарија (1996), III награда на Шопеновиот натпревар во Нови Сад, Србија (1997).
Учествувала на пијано семинари кај еминентни професори: проф. Љ. Рошчина, проф. С. Доренски, проф. А. Бондурјански,проф. А. Валдма, проф. Ј. Михајловиќ, проф. М. Молова, проф. Н. Макарова, но најплодна и најуспешна е соработката со рускиот проф. Борис Романов, во чија класа ги продолжува студиите по пијано.
Учествувала на летната музичка школа „Нови имиња“ во Суздаљ, Русија, каде што имаше забележителен настап на концертот на најуспешни семинаристи.
Во 2003 година добива награда за најдобар студент од фондацијата „Франк Манинг“.
Повеќепати имала соло настапи со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија.
Бројни се концертите во рамките на домашните реномирани фестивали „Охридско лето“, „Скопско Лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест Битола“, „Денови на Македонска музика“, „Битолско лето“, „Гевгелиска есен“, но и фестивали надвор од земјава: „Сараевска Зима“ – Босна и Херцеговина, „Festival de Musica do palacio da Bolsa“ - Португалија, „Festival de Musica de Sant Pere de Rodes“ – Шпанија, „Guarnerius, Centar lepih umetnosti Jovana Kolundzije“- Р.Србија, „Carniarmonie“, „Нимус“- Р. Србија, „ДАМ фестивал“- Приштина, Косово и др.
Со рецитали, полурецитали и како пијано соработник настапувала низ цела Македонија и надвор од неа: Русија, Америка, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Република Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово.
Активно соработува со неколку уметници од Македонија, меѓу кои вредно е да се споменат проф. м-р Гордана Јосифова- Неделковска, обоа, пијано дуото со проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, баритон и Ристо Ѓоревски- кларинет.
Во 2015 година имаше успешен настап во Москва, каде настапи како гостин на концертот на дувачкиот квинтет од „Балшој Театар“, Москва, а по покана од музичкото училиште „М. Балакирјев“, беше член на жири на 11-от Фестивал за Славјанска музика, во категорија пијано.
Соработувала со Македонската Филхармонија како нејзин надворешен пијанист, како и со оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S.
Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.