Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 - 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска.
Веќе неколку години, харизматичниот сопран Ана Дурловски го освојува светот. Со своите треперливи и возвишени линии и истенченото чувство за ритам, таа ги слика музичките стилови, сепак најповеќе користејќи го Моцарт како медицина за гласот. Сребреникавиот глас на Дурловски беше забележан уште на нејзиното деби во 2000 год. кога ја толкуваше Лучија ди Ламермур. Оттогаш, фокусираниот транспарентно светол тон на овој сопран, станува одбележје на белканто репертоарот во продукциите на Македонската опера. На оваа сцена, таа ги толкува и Дона Ана во Дон Џовани, Кралицата на ноќта во Волшебната флејта, Адела во Лилјакот, Џилда во Риголето, Розина во Севилски бербер и др.
Физичката убавина, драматичниот оган и лирскиот интензитет кои ги поседува Дурловски ја носат и нa сцените во оперските куќи во светот. Во 2001 год. таа започнува да ја украсува својата софистицирана вокална техника во Виена, во Камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ. Извонредната контрола на гласот во сите регистри, интонативно прецизниот тон, чувството за фраза, за напати придушената динамика, а на други места ослободена експресија му обезбедуваат на овој сопран соработка со оперските куќи од Москва, Виена, Берлин, Штутгарт, Мајнц, Минхен, Загреб, Осиек, Сплит, Сараево, Софија, Букурешт, Белград, Тирана и други.
Резонантниот глас кој ги допира и небесните височини го препозна и фондацијата Музички Театар за Југоисточна Европа и од 2005 год., Дурловски беше стипендист на оваа институција. Во 2006 Ана Дурловски е добитник на наградата "Маријана Радев" за најдобра женско оперско остварување во Хрватска, за улогата Кралицата на ноќта во Волшебната флејта. Оваа пејачка која носи енормен еротизам и пее не помалку од импресивно, во јуни 2006 год. дебитира на сцената на реномираната Виенска Државна Опера со улогата на Кралица на Ноќта во Волшебната Флејта, каде што добива постојан ангажман од сезона 2008/09 год.
Во моментов е член на Оперската куќа во Мајнц.
Сопранот Ана Дурловски, со повеќегодишна врвна европска кариера, доби оперски Оскар за улогата на Амина во операта "Месечарка", продукција на Операта во Штутгарт.Дурловски ја доби престижната германска театарска награда ФАУСТ за најдобар оперски пејач која, според критиката, се смета за Оскар во музичкиот свет.
Она што Ана Дурловски уште од самиот почеток на кариерата ја направи различна од другите пејачи, не беше само долгата висока, блескава колоратура и перфектното легато, туку и нејзиниот моќен глас. На сцената на Македонската Опера и Балет како Лучија ди Ламермур дебитираше во 2000 година. Оттогаш, со својот брилијантен тембр кој не може да го засени ниту песната на птиците ги обои креациите на Адела во Лилјакот, Розина во Севилскиот берберин, Кралицата на ноќта во Волшебната флејта, Дона Ана во Дон Џовани и други.
Наградата на Дурловски и беше врачена на свеченоста во театарот "Ерфурт" во германската покраина Тирингија.
На церемонијата, која се одржа по 7. пат, беа доделени наградите ФАУСТ во повеќе категории, како: најдобар театарски режисер, актер или актерка, режисер на детска или младинска претстава, како и за сценографија, костими и за животно дело.
Во категоријата за најдобар оперски пејач од германско говорно подрачје, Ана беше номинирана со само уште двајца уметници. Тоа значи дека во конкуренција биле пејачи што настапуваат во Швајцарија, Австрија и во Германија.
Нејзината оперска куќа во Штутгарт е номинирана и во една од најпосакуваните категории – најдобра оперска куќа, заедно со oперите во Франкфурт, Лион , во Виена и театарот „Станиславски“.
Операта „Месечарка“ на Операта во Штутгарт, во која главната улога ја толкува нашиот сопран Ана Дурловски, е номинирана за најдобра нова продукција за оперски оскари, кои ќе се доделуваат на 22 април во Лондон. Дурловски за улогата на Амина во „Месечарка“ на крајот од минатата година ја доби престижната германска театарска награда „Фауст“ за најдобар оперски пејач, која, според критиката, се смета за „Оскар“ во музичкиот свет.
Наградата за најдобро европско остварување во 2011/2012 во земјите од германско јазично подрачје и беше врачено на гала-вечер во театарот „Ерфурт“ во германската покраина Тирингија, за улогата на Амина во операта „Месечарка“, продукција на Операта во Штутгарт.
Берлинската филхармонија, пак, со диригентот Сајмон Ратл одлично ја отсвири музиката од „Волшебната флејта“ и ја постави основата за пејачите да блеснат во полн сјај.
- Амбивалентната улога на Kралицата на ноќта (која со неверојатна виртуозност ја исполнува Ана Дурловски) се чини дека не го интересира – се вели во дел од критиката на „Ди Велт“.
Весникот „Зудкуриер“ од Kонстанц, југозападна Германија, пишува дека на претставата недостигале јасно дефинирани ликови, но и дека Дурловски изобилува со страсни движења и истенчен префинет глас.
Четвртиот канал „Бр класик“ на Баварската радиомрежа, кој емитува само класична музика, на својата интернет-страница пишува дека во претставата има магични моменти, но тие доаѓаат исклучиво од пејачите:
- Kако Kралицата на ноќта, овој пат во облека на вистинска искушеничка, Ана Дурловски прикажа неисфорсирана колоратура.
Германски „Фокус“ пишува дека оркестарот и пејачите совршено се обединиле на премиерата и дека Берлинската филхармонија успешно го водела моќниот вокал на Дурловски.
Ана Дурловски е добитник и на наградата “Виртуози“ за најдобар македонски музичко-сценски уметник за 2012 година. За наградата одлучуваа 15-те најстручни установи, организации од областа на музичката уметност како и 11 члена стручна жири комисија.
Ана Дурловски ќе биде првиот македонски оперски пејач кој ќе настапи на сцената на најголемата оперска куќа во светот - Метрополитен операта во Њујорк. Претставите на „Волшебната флејта“ во кои ќе игра Ана во Метрополитен ќе се изведуваат од септември до ноември 2014 година. На покана од њујоршката оперска куќа таа пред десет дена била на втор круг од аудициите и ја добила улогата.
Во меѓувреме неа ја очекуваат и други меѓународни гостувања - во март ќе настапи на стадион во Кејптаун, Јужна Африка, со најпознатиот современ баритон Лео Лучи, а ќе има и настап во Кралската опера во Мадрид.
Исклучителниот глас со префинет стил, драматичноста и лирскиот интензитет што таа ги поседува дојдоа посебно до израз во завчерашната изведба. Да се пее улогата на Лучија за сопраните не е лесен залак. Но нашата „Лучија“ со леснотија ги отпеа комплексните партии за колоратурен сопран, мноштвото високи тонови и понуди моќна актерска игра.
Нова Македонија, Ивана Нолчева, 4.10.2012
Воодушевувачка, вонвременска, чудо од пејач, нашата дива. Ова беа дел од коментарите по прексиноќешниот концерт на нашиот сопран Ана Дурловски во Македонската филхармонија. Со својот уникатен музички израз и спектакуларните можности на нејзиниот глас, Дурловски го отпеа Kонцертот за колоратурен сопран и оркестар од Рајнхолд Глиер, единствен од ваков вид во светската музичка литература.
Дневник, 22.02.2013
Македонската сопранистка која својата кариера годиниве наназад ја гради на европските сцени, и сосема заслужено се кити со награди за најдобра оперска певица на годината, гордо на плешки ја носеше сета тежина на комплексната, романтичарска, мелодична приказна за која е неопходна совршена техника, виртуозност, но и актерска, па и животна зрелост. Препознатливи се нејзините „славјески“ летови во висините на нејзиниот глас кои мамеа аплаузи на отворена сцена, особено во ариите.
Тина иванова, Утрински весник, 03.10.2012
Ана Дурловски, всушност, нема магија, затоа што нејзиниот настап е резултат на високопрофесионалниот творец кој, првенствено пред себеси, задава стандарди кои ќе го оправдаат именувањето уметник. Свеста за товарот кој се носи во креацијата на возвишениот јазик на уметноста, еволуцијата и креативниот развој се чиста реалност со кој Ана Дурловски ја опива публиката. Настрана од влогот, Ана поседува природна примамлива боја на гласот (на која, исто така, работи), потенцирана во изведбата на колоратурите и партиите во високата лага. Концертот за колоратурен сопран и оркестар оп. 82 од рускиот композитор Реинхолд Глиер $ даде можност да ни ја претстави својата лирска страна во првиот став (и нејзиното препознатливо совршено легато, стабилност на тонот, светли високи тонови) и техничкиот виртуозитет во вториот став. Дурловски ја обликува секоја фраза со константа во вокалната импостација, ритамот јасно го следи, а во техничките виртуозитети (кои се застапени во целиот втор став) артикулацијата е беспрекорна. Секој тон е обоен со емоција, која кај публиката предизвикува солзи поради експресивноста на тонот.
Елени Новаковска, Вест, 08.03.2013
Нашата оперска пејачка Ана Дурловски успеа целосно да го окупира вниманието на публиката, па единствените коментари кои понатаму можеа да се слушнат беа "Алал да и е", "Најдобра е", па дури и "Ана, царица си".
Даниела Трајковска, Вечер, 04.09.2012
Наша, а светска. Македонскиот сопран Ана Дурловски годинава се вивна во досега за нас недостижните оперски височини. Моќниот глас од малата Македонија во 2014 година ќе одекне на сцената на најекстравагантната и најпрестижна опера во светот – „Метрополитен“ во Њујорк токму во улогата Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта“ на Моцарт, со која пред шест години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера. Велат уметникот што ќе настапи во „Метрополитен“ си обезбедил светска кариера, но таа веќе е уметник од светски калибар. Го запечати своето име на европската оперска сцена откако годинава ја доби наградата „Фауст“ за најдобар оперски пејач од земјите со германско говорно подрачје, која во музичкиот свет се смета за оперски „Оскар“. А, нејзиниот глас во март ќе допре и до Јужна Африка кога со најголемиот баритон на денешницата Лео Лучи ќе настапи на стадион во Kејптаун.
Дневник, 30.12.2012
Оперската певица, сопранот Ана Дурловска, според хрватскиот весник "Вјесник", е прогласена меѓу петте најдобри певици кои ја одбележале оперската сезона во оваа година во Хрватска. Дурловска ја пееше насловната улога во "Лучија ди Ламермур" од Гаетано Доницети, а високиот рејтинг за да биде меѓу најдоброто што се случило во Хрватска е поради фантастичната изведба на оперското дело во кое, како што пишува во образложението, Дурловска со леснотија се поигрувала со арсеналот од виртуозни колоратурни мајстории, со што во повеќе наврати ја одушевувала публиката, а врвот претставата го постигнала токму во изведбата на познатата "сцена на лудилото" во која освен што се покажуваат гласовните квалитети, потребна е и актерска креативност.
Вест, 29.12.2005
Ана Дурловски, нашата најдобра оперска пејачка, во улога на главниот лик во операта "Лучија ди Ламермур" од Гаетано Доницети, неодамна изведена на сцената на Хрватскиот народен театар во Осијек, ги плени вниманието и воздишките на публиката во текот на целата претстава. Хрватските критичари ја нарекоа "македонско чудо", а за нејзината изведба напишаа: "нејзината врвна пејачка техника и беспрекорен музички израз беа прикажани во полн сјај".
Вечер, 05.09.2006
На 29 јуни Хрватскиот Народен Театар и додели награда на нашата оперска ѕвезда Ана Дурловски, за најдобра женска улога во Хрватска во 2005 година. Дурловски наградата ја доби за толкување на ликот на Лучија во операта Лучија ди Ламермур во ХНК во Загреб. За овој настап доби највисоки оцени од хрватската критика и публика. Таа беше наречена "македонско пеачко чудо" а еден критичар во својот напис напишал дека "никогаш не видел толку долги овации на отворена сцена и после настапот".
operweichfest, Friday, 17. December 2004, 10:56 Wenn das Publikum selbst zum Instrument greift Konzerthaus: Salieris „Europa riconosciuta“ unter Tiziano Duca
In der Tat wurde das 1778 entstandene Werk zu ein paar kräftigen Herzschlägen angeregt. Dazu trugen vor allem die Sänger bei: Ana Durlovski machte als Europa die beste Figur. Sie hatte ihre Sopranpartie fest im Griff.
Jutarnji list (Branimir Pofuk): Pjevačko čudo iz Makedonije |
||
Zašto ravnatelj Opere osječkog HNK Zoran Juranić nije takva čuda dovodio i dok je bio na istom mjestu u Zagrebu? Potpuno očaran i oduševljen nastupom makedonske sopranistice Ane Durlovski, to sam pitanje preksinoć glasno postavio već u stanci premijerne izvedbe najpoznatije Donizettijeve opere. Djelatnici osječkog HNK odgovorili su mi potpuno opravdanim protupitanjem - a zašto biste vi u Zagrebu sve morali imati prvi? Osječka publika bila je preksinoć savršeni seizmograf pravog opernog potresa što ga je erupcijom svoga pjevačkog i glumačkog dara i znanja te snažnom osobnošću i vrlo lijepom pojavnošću izazvala Ana Durlovski u jednoj od najtežih sopranskih koloraturnih uloga. U hrvatskim opernim kućama nikada još nisam prisustvovao tako dugom pljesku i ovacijama na otvorenoj sceni kakve je 27-godišnja makedonska sopranistica dobila usred slavnog prizora ludila. Dirigirajući svojevremeno jednom predstavom u Skoplju, Zoran Juranić je otkrio i pred osječku publiku doveo dragulj velikog sjaja i visokog stupnja majstorske izbrušenosti. U tumačenju nesretne lammermoorske djeve, čija ljubav u klanskog neprijatelja vlastite obitelji postaje žrtvom spletki i kleveta, Ana Durlovski je briljirala u svakom pogledu. Uz zadivljujuću vokalnu tehniku, fascinantno je bilo i njeno psihološko ocrtavanje lika. Umjesto pukih glasovnih bravura, njene su kolorature sugestivno dočaravale Lucijina duhovna stanja: od zaljubljenog zanosa, preko strepnji i unutarnjih sukoba srca i razuma, do strašnog živčanog i mentalnog sloma koji je pretvara u ubojicu nametnutog joj ženika, ali i anđela koji nevino lebdeći napušta krvavu zemaljsku pozornicu... |
Vjesnik (Davor Schopf): Vrhunski prizor ludila |
||
Redatelj Krešimir Dolenčić istakao je ispod te površine romantične melodrame snažne dramske elemente ljubavnih strasti, ljubomore, mržnje i ubojstava. Sklad modernog scenskog okvira s projekcijama, ali i nepotrebnim grmljavinama između slika, naznačio je univerzalnost teme o nemogućnosti ljubavnog sjedinjenja osim u smrti. Predstava se dobro smjestila na maloj osječkoj pozornici, a svi izvođači, zbor i solisti angažirano su prihvatili pojačane glumačke zahtjeve. Predstava s dvije pjevačke podjele okuplja nekolicinu zanimljivih mladih solista. To je u prvome redu makedonska sopranistica Ana Durlovski u naslovnoj ulozi s kojom je prije šest godina debitirala u Skopju. U siječnju ima ugovorene nastupe u Bečkoj državnoj operi u ulozi Kraljice noći u »Čarobnoj fruli«. Upravo je visoki koloraturni registar njezino najjače oružje. Sigurno i s lakoćom vlada ljestvičnim nizovima, pasažama, staccatima, trilerima i najvišim sopranskim tonovima. Njihovom je preciznošću, bistrinom lijepa glasa i dinamičkim sjenčanjem u više navrata oduševila publiku i vrhunac predstave postigla u prizoru ludila. Glumački je primjereno ocrtala sva Lucijina psihološka stanja i dvojbe. Kako bi ulogu još bolje dotjerala, potrebno je unijeti više legata u oblikovanje belkantističke fraze. Uloga Edgarda nije najidealnija za tenora Miljenka Đurana, što se naročito čulo u prvom dijelu predstave kada je morao forsirati glas. Zadnju sliku ostvario je pjevački mnogo bolje, a glumački i interpretativno nadahnuto. Glazbena izvedba pod vodstvom dirigenta Mladena Tutavca počela je u premijernom uzbuđenju koje su ubrzo zamijenili staloženo sviranje orkestra, dobri zborski nastupi (zborovođa Dejan Čačija) i raspjevani veliki ansambli. Bariton Vlaho Ljutić indisponiranim glasom nije mogao primjereno ostvariti ulogu Enrica. Predstava sadrži i dvije vrijedne, dojmljive kreacije manjih uloga. To je zvonki tenorski Arturo u tumačenju Claudija Continija i osobito potresni Raimondo sonorna glasa i raskošne fraze basa Berislava Puškarića. |