Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - Запознајте го УКИМ!

Објавено на: 04 мај 2015

На 8.5.2015 година (петок), на платото пред Ректоратот на УКИМ, ќе се одржи отворен ден - „Запознајте го УКИМ“, со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се запознаат со можностите за студирање на факултетите и научните институти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за музичка уметност - Скопје, како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отворениот ден ќе им ги претстави на заинтересираните кандидати студиските програми за прв и втор циклус студии и сите останати информации околу начинот и правилата на студирање.

Во рaмки на овој ден, студентите од прва, втора и трета година од Факултетот за музичка уметност - Скопје, од студиските програми за популарни жанрови, ќе ги забавуваат присутните со композиции од Stevie Wonder, Amy Whinhouse, Baden Powell, Шпато и други.

Настанот ќе се одржи од 10 - 17 часот.