Објавено на: 16 јуни 2015
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 13 И 14 АВГУСТ 2015 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 17 ДО 21 АВГУСТ 2015
- РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 25 АВГУСТ 2015 ГОДИНА
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 26 И 27 АВГУСТ 2015 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса;
- испечатена електронска пријава од IKnow системот;
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања).
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите да направат преписи од документите за свои потреби.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: WWW.UPISI.UKIM.MK
Konkurs-I-ciklus-2015-2016-za-objavuvanje.doc