Објавено на: 25 август 2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2015/2016
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2015/2016 година, ќе се врши од 26 - 27 август, 2015 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина (сите уплатници може да ги погледнете во прилог на ова соопштение)
- - 100 евра во денарска противвредност, за студентите запишани во државна квота;
- - 200 евра во денарска противвредност, за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 150 денари за колективно осигурување;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска и предметна програма;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност на жиро сметка 100000000063095; депонент: НБРМ; сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18; приходна шифра 723012; програма 41.
Напомена: Индексите ќе ги добиете во Одделението за студентски прашања.
Пример за уплатници.doc