Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за упис на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 03 септември 2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016

 

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 14 СЕПТЕМВРИ ДО 9 ОКТОМВРИ 2015 ГОДИНА.

 Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност (се уплаќа при запишувањето на примените кандидати).

  Напомена:

!          Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!          Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk
    Системот за пријавување, ќе биде активен од 14-ти септември 2015.

 

 

 

 

 

178_KONKURS-vtor-ciklus-2015-2016.pdf