Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Вечер на француска музика

Објавено на: 11 декември 2015

На 11.12.2015 година (петок) со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи концерт на француска музика, во присаство на амбасадорката и гости од амбасадата на Франција во РМ и од Францускиот институт во Скопје. На концертот ќе настапат студенти од вокално-инструменталните оддели на ФМУ-Скопје, а ќе се прочитаат и кратки текстови за композиторите и делата кои што ќе бидат изведени.