Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за студентите од втор циклус студии, запишани во академската 2015/2016 година

Објавено на: 26 февруари 2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО АКАДЕМСКАТА 2015/2016 ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека пријавувањето на испитите, заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар ќе се врши во периодот од 14.3.- 18.3.2016 година, а полагањето на испитите од 21.3. - 1.4.2016 година.  

 Потребни документи:

-       индекс;

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);

-       уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

-       пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари, за секој испит поединечно (се купуваат во книжарници);

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (истиот е поставен во прилог на ова соопштение);

-        студентите од студиските програми по музички науки и балетска педагогија, доставуваат и 4 примероци од експликацијата за изработка на магистерски труд;

-       уплати за испитите:

                   6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                   3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk).

        Упатството за електронско пријавување на испити, е поставено во прилог на ова соопштение.

 

 

 

 

 

 

прилог кон пријава за испит.doc Пример за уплатници.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ.docx