Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок, во учебната 2016/2017

Објавено на: 02 септември 2016

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017

 

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 5 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА

 

  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 6 ДО 9 СЕПТЕМВРИ 2016 (ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 5.9.2016)

 

  • РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 13 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА

 

  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 14 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна таксаод 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
  • испечатена електронска пријава од IKnow системот;
  • оригинални свидетелства од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити:

-      500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,

-      1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:              

                                     www.upisi.ukim.mk

Во продолжение на ова известување, дополнително се прикачени и следниве информации:

- Број на слободни места за вториот уписен рок, во учебната 2016/2017 година

- Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за приемни испити на Факултетот за музичка уметност - Скопје

- Жиро сметка на Факултетот за музичка уметност - Скопје, за уплата на приемни испити

- Дополнителни информации за приемните испити за студиските програми по популарни жанрови

Слободни места - втор уписен рок.pdf Упатство за полагање на приемни испити.pdf Жиро сметка за уплата.jpg Дополнителни информации -популарни жанрови_21275_486.pdf Гитара-популарни жанрови_21275_111.rar Удирачки инструменти-популарни жанрови_21275_893.rar