Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност-Скопје во учебната 2014/2015

Објавено на: 19 септември 2014

С О О П Ш Т Е Н И Е

 ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2014/2015

 

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 15 СЕПТЕМВРИ ДО 17 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА.

 

 Потребни документи за пријавување:

 

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса;
  • електронска пријава (www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии (оригинал или нотарски заверена копија);
  • кратка биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност – надоместок за пријавување за упис на втор циклус студи;

 

 Напомена:

 !         Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

 

!         Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

 Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведува на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на веб страната на www.upisi.ukim.edu.

 

 

178_KONKURS-vtor-cklis-2014-FINAL2.pdf