Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Мал концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 16 ноември 2016

На 17-ти Ноември 2016 година, по повод  Светскиот ден на филозофијата и 70 години од постоењето на Институтот за филозофија, во Свечената сала на Филозофскиот факултет, ќе се одржи концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје, со почеток од 10:00 часот. 

На концертот ќе настапат студентите од студиската програма по гитара, од класата на вонр. проф. м-р Дарко Багески.