Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

50 години - Факултет за музичка уметност - Скопје - Јубилеен концерт!

Објавено на: 30 ноември 2016

На 6-ти декември 2016 година (вторник), Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе одбележи 50 години од основањето на Факултетот!

По повод 50-годишнината на Факултетот, во Македонската опера и балет, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи Концерт на кој ќе учествуваат и поранешни и сегашни студенти од Факултетот, симфонискиот оркестар, биг - бендот, оркестарот на народни инструменти, хорот и многу вокални солисти.

Во прилог може да ја погледнете целосната програма за овој прекрасен настан.

Ве очекуваме заедно да го прославиме овој значаен јубилеј 50 години - ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ!

https://www.youtube.com/watch?v=fqGaq4kiNC8&feature=youtu.be

 

 

new poster50godini.pdf