Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Научен собир „Едукација, традиција, современи тенденции“

Објавено на: 06 декември 2016

На 5-ти декември 2016 година, во Малата сала на Факултет за музичка уметност – Скопје, а по повод 50 години од основањето на Факултет за музичка уметност – Скопје, се одржа НАУЧЕН СОБИР на тема „Едукација, традиција, современи тенденции“. 
На овој собир со свое излагање се претставија вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска, проф. д-р Драган Даутовски, доц. д-р Велика Стојкова Серафимовска, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, д-р Јулијана Папазова, доц. д-р Александар Димитријевски, доц. д-р Александар Трајковски, вонр. проф. д-р Снежана Филиповска и  доц. д-р Томислав Таневски.

Модератори на собирот беа вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска и проф. д-р Драган Даутовски.