Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на Матиас Милер и Срѓан Вукашиновиќ

Објавено на: 09 декември 2016

На 12.12.2016 година, во Концертна сала на Факултет за музичка уметност - Скопје, концерт одржаа Матијас Милер - Швајцарија (кларинет) и Срѓан Вукашиновиќ - Србија (хармоника).

На концертот насловен како "Tour d'Horizon", беа извадени дела од A. Piazzolla, G. Verdi, M. Arter, M. Mueller, M.de Falla, P. Sasasate, а присутните имаа и исклучителна можност да чујат изведби на специфичните инструменти со кои беа изведени дел од композициите: SABRE - баскларинет и четврттонска - хармоника. 

Матијас Милер се здобил со репутација како разновиден уметник и е активен како изведувач, композитор и професор, како и директор на повеќе институции и проекти. Професор е на Циришкиот Универзитет  на уметности.

Срѓан Вукашиновиќ е истакнат хармоникаш, по потекло од Србија. Победник е на повеќе меѓународни награди меѓу кои и Светскиот Трофеј во Шпанија во 1999 година. Пронаоѓач е на првата КАРБОН-хармоника. Во моментот е уметнички директор за Festival Klassik Nuevo and Melodyaarau во Швајцарија.