Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Семинари со Матиас Милер (кларинет) и Срѓан Вукашиновиќ (хармоника)

Објавено на: 13 декември 2016

На 12-ти декември 2016 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот на Факултетот за музичка уметност - Скопје се одржаa два семинари за студентите од студиската програма по кларинет и за студентите од студиската програма по хармоника.

Студентите од студиската програма по кларинет имаа исклучителна можност да работат со универзитетскиот професор по кларинет - проф. Матиас Милер од Факултетот на уметности во Цирих, а за студентите од студиската програма по хармоника Факултетот организираше семинар со познатиот хармоникаш Срѓан Вукашиновиќ од Србија.