Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на наставниците од катедрата за клавишни инструменти

Објавено на: 19 декември 2016

На 22.12.2016 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи Концерт на наставниците од катедрата за клавишни инструменти. 

На Концертот ќе настапат проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Зоран Пехчевски,  проф. м-р Тодор Светиев, проф. м-р Катерина Гелебешева - Костадиновска, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. Јован Каровски, доц. д-р Кристина Светиева, доц. м-р Елена Атанасовска - Ивановска, доц. м-р Марија Вршкова, доц. м-р Сара Пројковска - Николовска и доц. м-р Кристијан Каровски.

Влезот на Концертот е слободен, ве очекуваме!