Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Презентација на работата на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје, од студиската програма по балетска педагогија - современ танц

Објавено на: 30 декември 2016

На 24-ти декември 2016 година, во салата на Македонската опера и балет, се прикажа јавно работата на студентите од I до IV година на студентите од Факултетот за музичка уметност - Скопје, од студиската програма по балетска педагогија - современ танц, а воедно на оваа презентација беше прикажана и  работата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова, Елена Антонова - Петровиќ и Игор Киров.

На презентацијата учество земаа и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од II и III година средно балетско образование - насока модерен танц.