Објавено на: 02 февруари 2017
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 06-07.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
- 08-09.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА
- 10.02.2017 – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.
Потребни документи:
- Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
- Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети кои се слушале во претходниот, зимски семестар);
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
- Потврда за уплатена IIрата школарина: 6.150 денари за студентите од државна квота и 12.300 денари за студентите во приватна квота.
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2015/2016, во висина од 406 денари за еден кредит.
Жиро сметките за уплата може да ги видите во прилог на ова известување!
Напомена:
Студентите имаат обврска пред да ги достават документите во одделението за студентски прашања, задолжително да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.
Жиро сметки за уплата.docx ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ.docx